ИМПРЕСУМ

Андреј Медиќ Лазаревски

Андреј е основач и главен и одговорен уредник на Култура β. Студент на институтот по философија на Философскиот факултет при УКИМ во Скопје. Член е на тимот на Филозофскиот филмски фестивал во улога на проектен асистент. Тој е автор на стихозбирката „Беседење со неа“ (ДАТА Песнопој, 2021.), активен автор е на проза, куси драмски текстови и поезија, учествува во неколку поетски читања од кои како најзначајно го издвојува своето прво ,,Скопски летни воздишки“. Се занимава и со аматерско актерство и режија. Има учествувано во над десетина театарски претстави од неколку различни драмски секции и младински студија за драма како Алтернативниот театар „Мали а големи“,„Месечев театар“ и програмата „Театар за сите“. Како актер учествува и во краткометражниот филм ,,Пет проскитни пруги“. Се јавува и како режисер на првата претстава ,,Какви мажи!?“ во склоп на аматерскиот театар на Култура β - Театар β. Во Култура β е автор и уредник на рубриката „Импресии“ и на рубриките посветени на философијата „Философска беседа“ и „Философски муабет“. Тој е креативец со дух кои се стреми за појавно развивање на младинската некомерцијална и вонинституционална уметност па токму поради тоа се решава и за отпочнување на проектот Култура β.   

  

Леонид Георгиевски

Леонид е технички уредник на веб-сајтот на Култура β. Тој е студент на Економски факултет при УКИМ. Учесник е во актерскиот состав на неколку младински аматерски претстави, а се појавува и како дел од неколку бенда со кои настапува. Твори музика, пишува текстови за истата, а во последно време најмногу се ангажира со пост-продукција на проекти на Култура β и на проекти вон неа. Со голема заинтересираност учествува во секој аспект на уметноста па поради тоа застанува како ко-основач на Култура β.

 

 

 

Марија Хана Трајкоска

Хана е ко-основач и уредник на инстаграм профилот на Култура β и еден од уредниците на β-фактопедија. Студент на смерот психологија на факултетот за политички науки на универзитетот American College Skopje. Целиот живот аматерски се занимава со театар, а веќе 5 години и со музика. Таа е една од актерките кои се дел од Театар β. Позади себе има голем број аматерски претстави и свирки. Креативен лик кој во слободно време се занимава со поезија. Животната цел ја насочува кон тоа да го направи светот барем малку подобро место преку својата уметност, а токму затоа е и една од основачите на Култура β.

   

 

IMG-3464e2104ed4473d11e78c1bdc8ed51e-V.jpg

instagram: @andrejmedikj

email: kulturabeta@yahoo.com

received_255870709495393.webp

instagram: @leyoneed

email: kulturabeta@yahoo.com

122713400_707362810131280_72797234877802

instagram: @h_trajkoska

email: kulturabeta@yahoo.com

Ана Илиева

Ана е редовна β-колумнистка и авторка на новата  рубрика „Културоглед“. Студентка е на Правниот факултет „Јустинијан Први“, студирајќи ги односите со јавност. Покрај тоа, таа студира и дигитален маркетинг.

Веќе четири години, Ана е дел од тимот на млади новинари-волонтери во Радио МОФ, од кои последните активности се поврзани со емисијата „Разбистри сè“ во соработка со Институтот за комуникациски студии. Таа се јавува и во улога на активистка при Здружението за едукативен развој „Еквалис“, каде што учестува на проекти поврзани со родовата еднаквост, слем-поезијата и феминизмот. Од неодамна, таа стои зад документарниот филм „Новинар: Да се биде или не – прашање е сега?!“.

Своето детство го минува пишувајќи поезија, а нејзините дела се објавени во седум стихозбирки, од кои за неа најпосебни се книжевното дело „Јас, ти и Скопје“ и зборникот од меѓународниот фестивал на поезија и проза „Фантазија и сништа“. Во Скопје, таа има организирано две поетски читања - „Хуметност“ и „Скопски летни воздишки“, преку кои сака да го раздвижи и разубави градот и да им помогне на оние на кои помошта им е повеќе од потребна. 

received_206051781568856.jpeg

instagram: @anailievaa

email: kulturabeta@yahoo.com

Калина Качоровска

Калина е редовна β-колумнистка и  авторка на рубриката β-предлог филм на неделата. Таа е студентка по меѓународни односи на Факултетот за политички науки и меѓународни односи при Варшавскиот Универзитет во Варшава, Полска. Себеси се опишува како љубопитна и ентузијастична и според нејзе, бидувањето позитивен и оптимистичен, пречекувањето на денот со насмевка и енергија, славењето на најобичните, секојдневни активности се нешта кои се клучни за успех, но и за убав живот.

Една од нејзините најголеми пасии е филмот. Како перформативно и живо дете, уште од најмала возраст измислува приказни кои потоа самата ги изведува. Во последните неколку години, љубовта кон седмата уметност ја оживува преку филмски фестивали. Веќе четири години е учесник на младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ како жири, а од 2020 година, таа е и дел од тимот и модераторка на дел од дискусиите. Токму преку нив е испратена како македонска претставничка на италијанската верзија од фестивалот - Giffoni Experience, како и Salam International Youth Film Festival во Баку, Азербејџан. Во 2018 и 2019 таа е дел од младинското жири на фестивалот на европски филм, „Синедејс“.

Калина не може да седи мирна кога станува збор за неправда, па затоа дел од нејзиното живеење го посветува на активизам, особено во полето на класната и родова еднаквост.

Нејзините интереси се движат од левичарски идеали, па сѐ до анализирање на социолошките и антрополошките аспекти на локалната, но и светската уметност. Дете за сѐ, освен за одбојка и марки на автомобили.

255773246_241942674665441_5044196111210622286_n_edited.jpg

instagram: @kalinakaczorowska

email: kulturabeta@yahoo.com

Георгина Петреска

Георгина е наша редовна β-колумнистка и е трета година во меѓународната IB паралелка при СУГС,,Јосип Броз – Тито”. Твори поезија уште од својата најрана возраст и има освојувано голем број на регионални, државни и меѓународни признанија за своите литературни дела. Позади себе има и една издадена стихозбирка под наслов „Зрак од полна Луна’’. Според неа, поезијата и уметноста вооошто се духовен протест и единствена вистинска магија којашто ја поседува човештвото. Нејзината цел е да разбуди што поголеми чувства кај читателот и го насочи да погледне надвор од понудената призма (всушност тоа е и вистинската мисија на поетот). За себе вели дека неизмерно ја сака слободата и индивидуалноста, но и способноста на човекот непрекинато да се продлабочува и трансформира себеси. А, токму оваа шанса за истражување и реконструирање на своите ставовови ја добива како редовен член на дебатниот клуб МОФ. Во слободно време освен со пишување и дебата се занимава и со волонтирање, како член на невладината младинска организација Еквалис.

фото за импресиум.jpg

instagram: @_ge0rgina

email: kulturabeta@yahoo.com

Софија Тодороска

Софија е уредник на рубриките β-предлог книга на неделата и „Бисери“. Таа е четврта година во скопската гимназија „Раде Јовчевски - Корчагин“ и е активна поетеса. Со пишување се занимава уште од најмала возраст, а до сега има издадено една поетска збирка под наслов „Бубамари и бели ради“ (2020).

Таа е добитничка на плакета за поетско дело при конкурсот распишан во чест на децата бегалци од Егејска Македонија при „Петтата светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија“ во 2018. Учествува и на креативни работилници - во 2019 е дел од работилницата за краток расказ „Скопски креативни приказни“, а во 2020 е дел од работилниците за кодирани јапонски жанри и работилницата „Архипоезија“.

Покрај учеството во Култура β, таа е и активен член на организацијата ODAS Education каде што го води одделот за литература.  

 

 

IMG-ac4b5836205d3abcf43e6f051bd7704d-V.jpg

instagram: @okolu_svet_so_trotinet

email: kulturabeta@yahoo.com

Леонид Велковски

Леонид е наш редовен β-колумнист и автор на рубриката β-предлог филм на неделата. Тој е четврта година во СУГС ,,Никола Карев”. Љубител е на уметноста при што најмногу го интересираат аудио-визуелните и перформативни уметности, па така твори и на тој план. Има снимено и режирано еден краток филм под наслов „Црното платно“, попатно е дел од екипата на  неколку други проекти, има  режирано театарски етиди, играно во театарски претстави. Сака да пишува и обично пишува сценарија и филмски идеи. Има учествувано на разни уметнички проекти и фестивали.  

 

 

 

Jas.jpg

Васил Ханџиски

Васил Ханџиски е редовен член на Култура β и дел од еко-тимот кој се залага за развој на еколошки вредности преку колумни, интервјуа и други активности. Моментално е уредник на рубриката „Еко-фактопедија“, а се јавува и како автор на неколку еко-колумни. Студент е на  Машински факултет (студиска програма - инженерство на животна средина)  при универзитетот во Марибор. Долгогодишен еко – активист, медијатор за врсничко насилство и е поборник за подобро образование. Волонтер е во Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина „Go Green“  и  преку оваа организација земал учество на различни проекти за заштита на животната средина, климатска правда и климатска дипломатија меѓу кои ги издвојува: ,,Училишта на сончева енергија“ и ,,Млади амбасадори за климатски промени”. Четири годишен член на Претседателството на Ученичката Заедница при СУГС Гимназија ,,Никола Карев”. Како дел од Ученичката Заедница при СУГС Гимназија ,,Никола Карев”  организирал неколку настани, како што се: ,,Во Карев од дома“ и ,,Предновогодишна свирка во Карев”.  Се залага за промовирање на младинската уметност и тоа го остварува како дел од неформалното здружување ,,Art House Karev”, преку кое беше еден од организаторите на ,,Три дена култура од дома (3)“.  Неговата цел е со своето дејствување да направи промена во светот.

 

 

 

Иван Николов

Иван е редовен β-колумнист и студент по компјутерски науки на ФИНКИ при УКИМ во Скопје.

Негови интереси, меѓудругото, се политиката, технологијата, философијата, литературата и спортот, па оттука и во неговите колумни се занимава со овие теми. Завршува средно образование во неговиот роден град, Битола, во „горната“ т.е. СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Битола.
Тој е љубител на планинарење и велосипедизам и редовно ја истражува природата во текот на годината. Неговиот интерес за надворешни активности е исполнет преку учество на трката „Трчај Бе“ каде освојува награди за високи места. Покрај тоа тој беше дел од „Биди Зелен“ мрежата на клубови, како и лидер на битолскиот регион. 
Пред да стане редовен колумнист, Иван неретко има соработувано со Култура β, најпрво преку конкурсот за поезија, а подоцна и преку конкурсите за колумни.

 

 

 

Дамјан  Златановски

Дамјан е редовен β-колумнист, матурант од Куманово и Млад Европски Амбасадор (Young European Ambassador) во Западен Балкан. 
Неговите клучни области како YEA се протекција на животната средина и уметност и култура. Тој е екологист и активист главно во областите на екологија, култура, образование и ментално здравје. Иако професионално е посветен на техничките науки, слободното време го минува како уметник. 
Негово најголемо хоби е пишувањето, пишува генерално проза, а понекогаш ги слика своите чувства и преку поезија и смета дека
„[пишувањето] не служи за да ти ги плати сметките, туку да те раздолжи сам со себе“. Исто така сака и да слика, а има и своја мала, онлајн, уметничка галерија @zlatanovski.gallery. Страствен љубител е на кафето и филмската уметност и обожава кучиња.

 

 

 

instagram: @leonidvelkovski

email: kulturabeta@yahoo.com

kul slikica 10.JPG

instagram: @_handziski

email: kulturabeta@yahoo.com

иван николов1.jpg

instagram: @nikooloov

email: kulturabeta@yahoo.com

20211011_130228-01_edited.jpg

instagram: @damjanzlatanovski

email: kulturabeta@yahoo.com