Денес имате можност да прочитате дел од муабетот со Хајка, за нивниот прв албум „Антиталент“, кои за себе велат дека се „вашиот локален бенд за пиење.
Кој не дошол кај нас на live има шанси да дојде на Кикфлип фест на 16 јули, на првиот концерт после цела година“.
Зборувавме за нивното прво ЕП, кое излезе мината година и нивниот прогрес оттогаш до објавувањето на албумот.
„На првото ЕП ни беше важно да извадиме песни. На албумот исто. Песни правиме често, 25те што се наоѓаат на албумот се потесен избор од сѐ што имаме. Важно е дека сме сериозни. Дознавме дека е ова е и првиот македонски дебитантски албум со толку песни. Ама побитно ни е да има енергија“. – велат Хајка.
Навистина е убаво кога млади енергични луѓенца оставаат историски белег во македонската музика уште на почетокот на кариерата, а со тоа оставаат простор за сигнификантно творештво во иднина.
Идејата за целокупноста на албумот тие ја опишуваат преку една исклучително инетерсна и иновативна мисла која гласи:
„Не сакаме албумот да биде ист како на другите бендови, затоа и ги ставивме фаците на кавер или имаме толку песни. Не дека измислуваме топла вода, ама во природа ни е да се бориме за најдоброто.“
А создавањето на „Антиталент“ го опишуваат како „многу забавен и лесен момент“, додавајќи, „песни правиме брзо и лесно, веќе го спремаме вториот албум. Тоа значи дека ќе направиме уште 50.
Нема некоја философија, за нас ново беше снимањето во студио, првото ЕП го снимавме сами. Добро е што отидовме право кај Дени Крстев во студио 1060, тој е еден фантастичен продуцент со голема кариера позади себе од истава фела. Скоро без зборови се разбиравме и одма го направи тоа што го имавме замислено. Песните се скоро сите снимени од прва, за две сесии. Нема зошто да го тупиме, не сме со вишо музичко.“
На прашањето зошто „Антиталент“ како име за албумот, скромно одговорија, „бидејќи звучи кул“.
Поденакво скромно објаснија и дека не се сметаат за музичари, а за целта на нивната музика рекоа:
„Целта ни е да бидеме што погласни и да има енергија. На 16ти јули ќе свириме на Кикфлип фест првпат после цела година, во живо најдобро ќе сфатите која е поентата на бендот. Музиката е за да се свири во живо со многу луѓе. За жал цела година не можевме, ама иако нѐ немаше еден период еве изглеговме со бенгер. Значи сме работеле 24/7, така и ќе остане. Денес е се некако како на заебанција, па ние многу сериозно ја имаме сфатено работата. Не сакаме да влеземе флегматично во бизнисот. Кај нас има некој тренд на досадна уметност. Не знаеме дали е до недостиг на инспирација или знаење, но гледаме тоа кај нас да не биде така.“
Мојот заклучот од овој разговор е дека се работи за доста екцентрични момци, а тоа навистина може да се примети преку она што го создаваат. Затоа ве подржувам во живо да го проследите нивниот настап на 16ти јули, каде сум уверена дека ќе ја доживеета нивната уникатна енергија. За крај на младите „немузичари“, срдечно им посакувам да поставуваат нови граници на македонската музичка сцена со секое наредно дело.
コメント