top of page
Writer's pictureЛеонид Георгиевски

β-Муабет со aiesec

Оваа недела ја завршуваме со еден β-муабет помеѓу Култура Бета и дечките од AIESEC Macedonia. Доколку прв пат слушате за нив, препорачуваме да прочитате кои се тие и што имаат да кажат за себе и зошто Култура Бета ги поддржува нивните цели и мисии.

Како најстара младинска невладина и непрофитна организација има свои канцеларии со млади волонтери во повеќе од 114 држави и територии низ Зејмата. Создадена е по Втората светска војна од неколку млади ентузијасти чија цел била промена во општеството и мир во Светот.



Оваа организација сама себе се објаснува со три прашања: AIESEC why – мир и достигнување на целосниот потенцијал на човековиот род; AIESEC how – со помош на младинско лидерство до позитивни промени во општеството;AIESEC what – развој на лидерски способности во практични околности. Организацијата се темели на вредности како стремеж кон највисок квалитет, задржување на интегритет, развој на лидерство, уживање во учеството, мултикултурализам и работа на долгорочен план. Во AIESEC се стекнуваат разни вештини, глобална перспектива со интернационални конференции и настани, нови пријателства во склоп на самата локална организација, но и преку размени со други AIESEC канцеларии низ Светот. Организацијата остава простор за секој да се развива и да напредува по скалата на лидерство.



Прочитајте што имаа дечките од AIESEC Macedonia да ни кажат:


Како претседател на AIESEC Macedonia, ја прашавме Ивана Јорданова што е тоа со кое што AIESEC се издвојува од другите невладини и непрофитни организации?

Ивана Јорданова

,,Познат ти е моментот кога си млад, сакаш твојот глас да биде слушнат, сакаш да се издвојуваш од останатите и си во потрага по самиот себе и она кое го сакаш? Епа токму во тој момент, AIESEC доаѓа. Најголемата имтернационална платформа, како никоја друга, од млади-за млади, за развивање на лидерство, се со цел, постигнување на мир во светот и максимум на човековиот потенцијал, од 1948ма година. AIESEC верува во младите, во ТЕБЕ и важноста на лидерството, како движечка сила во општеството. Оваа платформа, дава простор на секој млад, се СЛУШНЕ неговиот глас, да се развие во најдобрата верзија од себе, преку предизвикувачка средина, без никакви предрасуди. Ова е местото каде истомисленици, млади, со различни перспективи, култури, се поврзуваат и заедно работат кон остварување на заедничка визија. Овде, се постигнува максимумот на твојот потенцијал и се градиш како личност која е спремна да одговори на секој предизвик со решение, овде се градиш како вистински лидер. Лидерите од AIESEC, се лидери кои се борат за креирање на подобро утре за сите, тоа се луѓе кои се спремни на ризици, а најважно од сè, лидери кои се инспирација, се свесни за самите себе и светот во кој живеат. Вака AIESEC влијае на секој млад кој е спремен да излезе надвор од својата комфорт зона, од млади-за млади, како никоја друга организација, никоја друга платформа.”


За да дознаеме што нуди AIESEC за креативната младина и нивната желба за развој на својот творечки дух, се обративме кај Бојана Пачемска, лидер на маркетинг тимот.

Бојана Пачемска

,,Во процесот на самоистражување и искажување во средношколските години, дојдов до AIESEC. Како младинска организација која е предводена комплетно од млади, нуди простор за развивање на своите лидерски способности, а притоа стекнување на персонални и професионални вештини. Преку многуте проекти кои ги организираме, секогаш се трудиме да одговориме на предизвиците со кои се соочуваме, притоа пробувајќи да ги поместиме границите кои претходно биле поставени, следејќи ги светските трендови. Самите проекти ги креираме од 0, нудејќи простор за обликување на истите според потребите на младите, па така младите се главните двигатели и креатори на истите. Ова нуди можност за развивање на критичкото размислување, при што развивање на креативност и стратешкото размислување."



Филип Цветковски

Субјективно мислење за AIESEC добивме од Филип Цветковски, национален директор за развој на бизнис и Христијан Шонтевски, проектен менаџер. Од Филип дознавме како оваа организација го смени него како личност ,,Мене AIESEC ми покажа како да не ги пропуштам можностите кои доаѓаат во мојот живот, ми покажа како е во моето секојдневие да имам работна атмосфера, ми ги покажа и слабостите на кои посветив малку повеќе време. Во однос на вештини, се подобрив во формална и административна комуникација, продажба на пазарот, организирање на проекти... Моментот кога тоа го сфатив беше на едно предавање кое го држевме во средното училиште Никола Карев за AIESEC. Јас презентирав пред мојот поранешен класен кој после предавањето ми оддаде почит за мојот напредок во однос на самодоверба и добив сугестија да продолжам по насоката по која сум тргнал”


Христијан Шонтевски

А Христијан ни го опиша искуството во AIESEC со три збора ,,Дружба – за време на моето членување сум запознавал и сè уште запознавам нови луѓе со кои дружбата била и уште е незаменлива. Искреност – во AIESEC сфатив колку е битна искреноста при организирање и спроведување на проекти, не само на во професионалниот живот, туку и во приватниот. Развој – во AIESEC добив многу прилики за личен развој преку самата работа.”


Христина Неловска

Како за крај Христина Неловска, одговорна за финансиите во организацијата, ни кажа кои се бенефициите за нејзината иднина на професионално поле од искуството во AIESEC:

,,Во моето искуство во AIESEC имав прилика да го усовршам моето знаење на секојдневните финансиски активност со кои се соочуваат бизнисите, да ги усовршам вештините за организирање на настани и водење тимови и дефинитивно ми овозможи да научам како да се припремам за пазарот на труд”




Дечките од AIESEC имаат регрутација за нови членови во организацијата и се во потрага по млади луѓе кои сакаат да се унапредуваат себе и своите вештини. За пријавување кликни ТУКА.

Comments


bottom of page