• Култура β

β-Поетски конкурс: Вселенски морнар - Иван Николов

Култура β го организираше својот прв поетски конкурс кој траеше од 14 до 19 декември 2020. Конкурсот беше отворен за сите поети и поетеси, со отворена тема за вечно збогување со 2020 година.


На конкурсот добивме многу материјал, а учество земаа автори од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.


Во продолжение имате можност да ја прочитате првата песна, која влегува во официјалниот избор на седум избрани песни, насловена како „Вселенски морнар“ во авторство на Иван Николов


Вселенски морнар


Вселенски морнар

Ти пловиш по небесата

Вселенски Морнар

Ти се спушташ на земјата

Ти ми ја спушташ завесата

Вселенски морнар

Ти ме шармира

Со твојте приказни разни

Но касно дознав дека тие беа празни


Секов сè што е старо

За да најдам што е ново

Среде пустина си ме оставил

Без храна и вода

Досега бев со врзани очи

Без патоказ кон познатото

Оставен среде пустина

Од еден проклет

Вселенски морнар

 

Авторот на првата песна која влегува во официјалниот избор на 7 песни е Иван Николов. Тој има 18 години, доаѓа од Битола и е матурант во гимназијата „Јосип Броз - Тито”. За себе вели дека се занимава со велосипедизам, планинарење, трчање и слушање музика, а додаде и дека негови омилени автори се Алберт Ками, Кафка и Дино Буцати.

73 views