top of page
Writer's pictureКултура β

β-Поетски конкурс: Година на разделба и нашето збогум - Викторија Софеска

Култура β го организираше својот прв поетски конкурс кој траеше од 14 до 19 декември 2020. Конкурсот беше отворен за сите поети и поетеси, со отворена тема за вечно збогување со 2020 година.

На конкурсот добивме многу материјал, а учество земаа автори од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во продолжение имате можност да ја прочитате четвртата песна, која влегува во официјалниот избор на седум избрани песни, насловена како „Година на разделба и нашето збогум“ во авторство на Викторија Софеска.


Година на разделба и нашето збогум


Минуваа деновите,

минуваа саати,

времето беше само концепт

за оние кои успеваа да го надмудрат хаосот,

за оние кои тишината ја пронајдоа

во бучното предградие на стравот.

Стравот тлееше во човечките души,

безмилосно ги гореше внатрешностите

додека болеста правеше пустош,

одголуваше и сотре се.

Остави празни срца со празни дланки,

остави отворени прегратки

што никогаш не успеаа да добијат уште една можност

да бидат задоволени, возратени

со топла прегратка од најсаканите.

Ги остави децата

да чекаат во агонија

додека нивните родители се бореа за своите животи.

Ја остави сета мизерија,

целиот ужас

да бдеат над човештвото

и да му го скршат срцето,

да го распарчат на многу делчиња –

така го стори пепел,

пониско од најниското.

А тогаш, човекот што направи?

Дали тој непоколебливо се откажа од борбата

само затоа што таа е тешка?

Не, во ниеден случај не!

Човекот со човека се обедини

и парчињата почнаа да се воздигаат нагоре, кон небесата,

спротиставени на гравитацијата,

тие од пепелта која стоеше близу жарта на единството

формирааа феникс,

кој гордо истапи напред,

ги протресе своите огнени крилја

и беше подготвен да летне

и летна веднаш

кон обесхрабрените

на кои им ја наведна главата поклунувајќи се

и давајќи им шанса да станат дел од него.

Па така, како што здруженоста на човештвото

стори бесмртен феникс

издигнат од згаснатите, пеплосани битиа,

така и иднината се отвори како светла врата

пред секој од нас,

мамејќи не да излеземе од бедната темнина,

од просторот и времето во кое се наоѓаме

за да зачекориме кон тие посветли места.

Не мами оваа врата како

ноќни лептири на куќните лампи,

а ние се вееме понесени

од тие надежно подобри денови.

Свесни сме дека таа врата ќе не одведе негде

на непознато, затварајќи се зад нас,

за што сегашното живеење со нетрпение чекаме

да стане иднина.

Затоа брзаме и трчаме

и со сите последни сили

сакаме да ја достигнеме оваа светлина,

по секоја цена, без исклучоци,

гладни за воскресението

што сметаме дека се наоѓа од другата страна.

Велиме пријатно на кафезот

во кој толку време се обидувале да ни ги скротат крилјата,

велиме пријатно, но никогаш довидување.

А затоа што секое искуство

е плод на доживувањата,

се вртиме зад нас за еден последен пат,

кон црнилото, кон хаосот,

кон оној феникс од порано,

па пред да го минеме прагот од светлосната врата

се насмевнуваме

и изговараме едно „благодарам”.

 

„Сакам да го гледам светот и сите негови секојдневни мали украси како инспирација за моите творби. Верувам дека во сѐ има елементи на уметност и таа треба да се истакне на секој можен начин. " ни кажа накратко Викторија за себе!



Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page