Култура β го организираше својот прв поетски конкурс кој траеше од 14 до 19 декември 2020. Конкурсот беше отворен за сите поети и поетеси, со отворена тема за вечно збогување со 2020 година.
На конкурсот добивме многу материјал, а учество земаа автори од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Во продолжение имате можност да ја прочитате петтата песна, која влегува во официјалниот избор на седум избрани песни, насловена како „Збогум драги“ во авторство на Љубица Ристовска.
Збогум драги
Што е ли она што сјае на другата страна на собата дали е тоа мојата љубена оддамна љубов загубена?
Ми се насмевна палаво, тргнав накај неа, Ми намигна заводливо нејзините очи ме гонеа
Здраво повторно драга прости ми што од мене се изгуби трага, мило ми е што те гледам повторно.
Здраво мили драги, зошто толку лошо изгледаш, зар животот те фати на око зар од ладното страдаш?
Немој така драга, вистината боли а пак моево срце по тебе сеуште моли.
Не биди смешен поинаку беше решен остави ме сега на мира нека твоето срце умира мене не ми е гајле за тебе јас се имам самата себе.
Но ти поинаку ме гледаше,драга во твоите очи имаше само љубов а сега си премногу ладна а мене душава по тебе ми е гладна.
Зарем нема втора шанса, зарем нема тронка надеж јас сум тука за тебе да те уловам со бакнеж. Драга?! Збогум...
Љубица Ристовска има 18 години и ематурантка во гимназијата „Јосип Броз-Тито” во Скопје.
За себе таа вели: „Хоби ми е фотографирање, но понекогаш пишувам и поезија. Се учам да свирам на гитара и прилично ми е жал за комшиите :) Животна цел ми е да успеам во кариерата за Сајбер Безбедноста. Омилена песна ми е Bannana Pancakes-Jack Johnson, а омилени бендови ми се Buc Kesidi и Cage the elephant.“
Comments