Автор: Џером Д. Селинџер
Година на издавње: 1951
Наслов на оригиналот: The catcher in the rye
Жанр: роман
Џером Д. Селинџер припаѓа на плеадата најистакнати американски автори кои ги положуваат основите на повоената современа литература во Америка.
Неговото име се поврзува со исклучително контроверзна појава на светската сцена од еден личносен и воопшто, творечки аспект, при што неговиот скромен творечки опус се карактеризира со една симболична скромност.
Со тоа тежиштето на литературната вредност на Селиџер се концентира во сржта на насловеното дело, напоредно со поголем број куси раскази, кои биле редовно објавувани во видни американски списанја. Следствено, „Ловец в ржта“ претставува култен роман кој се поставува во средиштето на моралнитот и концептуален пресврт кој настануа, видно преку уметоста, во периодот по Втората Светска војна.
Говорот со кој Селинџер ја образува основната нарација на делото е едноставен и отворен, неретно надополнет со ласцивни изрази и насоки. Соодветно, ваквиот израс се надодава на наравот на делото поради кој неретко ќе се соочи со цензура од страна на властите.
Холден не може да се врати дома, плашејќи се од одговорот на неговтие родители, при што поминува низ едно симболично патување низ големиот свет за да се врати оттаму од кадешто започнал.
Ваквата некохерентност и своевиден бунт на младиот адолесцент фигуративно се изразува во релациите со споредните ликови на делото меѓу кои се појавуваат дел од поранешните девојки на Кофилд, неговите некогашни професори, лифтбои и проститутки.
Кауфилд се движи спротиводно на световните струи, тргнувајќи од една сосем искрена чувствена точка, при што се соочува со лажливоста на возрасниот свет во кој гние човекот во својата суштина.
Дејството на романот може да се разбере како совоевиден антипод на ликот и патот на Малиот Принц на Егзипери.
Единствениот отвор низ кој главниот лик проникнува надвор од јагмата на светот со кој се соочува се положува во неговата силна приврзаност за помалата сестра Фиби кон која пројавува исклучива наклонетост. Неговото бегство завршува со сцената во која тој ја гледа како полека се врти на вртелешката во паркот.
Џером Д. Селинџер е познат по стилот во кој ги создава ликовите на своите дела. Воедно, нивната речиси основна карактерна особина е исклучителната зрелост, некохерентна со нивната возраст.
Ликот на Кауфилд е изграден во автобиографски манир кој придонесува на вивидниот наратив на делото. Творечкиот стил на Селиџер, заележително се истоветува со стилот на Хемингвеј, што е поддржано со фактот дека двајцата автори одржвале блиска комуникација и самиот автор отворено ја признал важноста на ликот на Ернест Хемингвеј во однос на неговиот личносен и писателски развој.
Заклучно, „Ловец во ржта“ се припаѓа на плеадата пресвртни книжевни остварувања кои со својата уникатност донесуваат еден фундаментален литературен новитет врз кој се поставуваат темелите на современата американска и воопшто световна литература.
Цитати:
“Најдоброто нешто во тој муеј беше тоа што сѐ стоеше таму каде што беше. Никој не се придвижи, никој не се смени. Единственото нешто што се променило си ти.“
“Смешно е. Само кажи нешто што никој не го разбира и ќе направи сѐ што ќе му речеш.”
“Многу пати не знаеш што те интересира најмногу сѐ дури не почнеш да зборуваш.“
„Ако некој сретне некого додека оди низ ’ржта - ... Сега сеедно, постојано замислувам многу мали дечиња како играат во едно големо житно поле. Илјадници мали деца, а во близина нема никој... никој возрасен, мислам... освен мене. А јас стојам на самиот раб од една страшна бездна. Што ми е должноста, треба да го уловам секој кој ќе се залета кон бездната, сакам да кажам, ако некој трча не гледајќи каде оди, јас треба да се појавам од некаде и да го уловам. Тоа е сѐ што треба да правам цел ден. Да бидам ловец во ’ржта. Знам дека тоа е лудо, но тоа е единственото што би сакал да бидам. “
Белешка за авторот:
Џером Дејвид Селинџер е роден на први јануари 1919, во Њујорк, како син на еврејски увозник на сирење и мајка со шкотско-ирско потекло. Во 1934 неговиот татко го запишал во военото училиште Valley Forge Military Academy, интернат во Пенсилванија кој ќе му послужи како модел за интернатот Pencey Prep од „Ловец во ’ржта“.
По завршувањето на училиштето во 1936, тој го придружува татка си во патувањата во Европа за да се запознае со операциите на семејниот бизнис. Поради политичките состојби во тогашна Европа и неизбежната војна, тој се враќа во САД и есента 1938 г. се запишува на колеџот Pennsylvania's Ursinus College. Го напушта по само еден семестар, изјавувајќи дека не му е интересн.
Уште еднаш ќе се обиде на колеџ, запишувајќи се на часови по пишување раскази на Columbia University. Часовите ги држи Вит Барнет, кој ќе остави силен впечаток на младиот Селинџер. Во списанието „Story magazine“, основано и уредувано од Барнет, Селинџер ќе го објави својот прв расказ „The Young Folks“, пролетта 1940 г. Ова ќе го охрабри да продолжи со пишување, и по неколку години одбивање, неколку негови раскази ќе бидат објавени во списанијата Saturday Evening Post и Esquire.
За време на Втората Светска војна тој служи во американската армија и ги испрашува воените заробеници. Учествувал во истоварувањето во Нормандија и ослободувањето на Франција, и има изјавено дека бил сведок на едни од најкрвавите битки на војната. Еднаш дури бил болнички згрижен поради стрес предизвикан од воените дејствија.
Во 1948 г. Селинџер доживува книжевно признание откако New Yorker ќе објави три негови раскази кои подоцна ќе бидат вклучени во збирката „Nine Stories“.
Следат други раскази, меѓу кои „За Есме – со љубов и мачнина“, кој ќе се појави во New Yorker. За овој расказ критичарите ќе кажат дека е најдобриот од Селинџер. Во него се раскажува за еден американски војник и 13-годишната англиска девојка кои ќе се сретнат во една чајџилница во Девон кратко пред Денот Д, и како нивниот необичен однос подоцна ќе му помогне на војникот да ја надмине психичката штета од војната.
Додека служел армија, Селинџер се оженил за поранешна припадничка на Нацистичката партија, Силвија, за која многу малку се знае. Набрзо потоа ќе се разведат, а подоцна Селинџер ќе ја нарекува само како „Салива“ (Saliva – игра на зборови – се мисли на плунка).
Селинџер исто така бил во брак со Клер Даглас, ќерка на британскиот уметнички критичар Роберт Даглас, со која подоцна ќе се разведе и со која ќе има две деца, Маргарет и Метју. Потоа ќе се ожени со медицинска сестра која неколку децении ќе биде помлада од него, Колин О’Нил.
Во 2009 Маргарет Селинџер ќе ги објави мемоарите со наслов „Dream Catcher“ во кои ќе го опише нејзиниот живот како ќерка на Селинџер. Таму вели дека бил гневен човек, и дека редовно ги омаловажувал членовите на неговото семејство. И’ се чинело дека тој ги претпочитал ликовите од неговата книжевност повеќе отколку вистинските човечки суштества во неговиот живот. Често се расшетувал во рамките на нивниот дом, одржувал егзотична диета и пишувал раскази кои сакал да бидат објавени по неговата смрт. Имал невообичена смисла за хумор. Исто така вели дека немал војла или не можел да воспостави одржлив близок однос со луѓето: „Неговата потрага... го насочи кон дводимензионалните односи: со неговото измислено семејство Глас, или со живите „пријатели од пишување“ кои ги среќаваше во писмата, кои траеја до средбата со некоја личност од тродимензионалниот свет“.
Починал на 27 јануари 2010 година.
Comments