Автор: Алберт Ками
Година на издавање: 1943 Наслов на оригиналот: Le Malentendu
Жанр: драма
Осврт:
Почетокот на дваесеттиот век беше обележан со значителен напредок во сите сфери на човековото дејствување во општеството и природата. При ваквата пргресивна тенденција, сѐ повеќе се истакнува прашањето за суштината на животот и неговата смисла, па оттука, соочени со бурните историски превирања кои се косат со сите морални основи на човечкото битие, се појавува поимот за апсурдот.
Апсурдизмот и егзистенцијализмот се појавуваат како одговор на ваквите околности и ќе ѝ припаднат на дефиницијата за своето време. Како еден од најголемите нивни претставници во литературата е францускиот автор и философ Алберт Ками.
Драмата „Недоразбирање“ претставува сиже на Албертовите согледувања во оснос на личните и меѓучовечки односи и душевни страдања, пронижани со философијата на апсурдизмот, карактеристична за философскиот став и творечки стил на Ками.
Ликовите кои се главни носители на идејата на авторот претставуваат обопштени портрети на апсурдот, поставен во функција во меѓучовековите односи, наспроти личните егзистенцијалистички превирања.
Марта е млада девојка која живее со својата мајка и заработува изнајмувајќи соби за патниците кои минуваат во нивниот предел. Притоа, таа е силно измачувана од поривот да отпатува на југ, далеку од мрачната Европа, што е карактеристичен контраст во делата на Ками. Нејзиниот нарав е студен и нејзината неспособност за емотивна комуникација со себе си и со светот создава чувство на душевен безизлез од вечните прашања, кои потрагата по суштината на животот ги наметнува. Нејзиното пропаѓање започнува тогаш кога ќе престане да ги бара нивните оговори, предавајќи се на очајанието на животната бесмисленост.
Нејзината мајка е вдовица која копнее по некаков конечен одмор, исцрпена од животот и вечната борба за опстанок која ги одзема нејзините емотивни пориви и наклонетости и резултира со постепена алиенација од своето семејсво, а највпечатливо во односот кон својата ќерка.
Двете жени тежнеат кон материјалното како медиум за остварување на душевните насушности и ваквата настроеност претставува повод за нивната основна професија која се крие под угостителската дејност. Имено Марта и нејзината мајка ги убиваат своите богати гости и го земаат нивното богатство, оправдувајќи го својот грев со сопствената несреќа.
Јан е синот на ова семејство, кој заминал од него пред дваесет години за да може да заработи и индивидуално да се реализира на професионален и личен план. Откако ќе дознае за смртта на својот татко, тој се враќа при мајка си, сакајќи да ѝ пружи финансиска поддршка. Со него патува неговата сакана сопруга Марија која според емотивниот профил претставува противтежа на Марта.
Марта и нејзината мајка нема да успеат да го препознаат Јан кој не е способен да говори отворено и искрено, со надеж се дека, бидувајќи странец за некое време,повторно ќе стане син, и ќе го убијат еднакво сурово како сите претходни богати намерници.
Интересен е моментот што мајката, веќе преморена од злосторствата и животот не сака да учествува во последното убиство, но Марта со својата младешка ревност и порив за избавување од моменталната положба ќе ја принуди да стане дел од злосторството.
На крајот, мајката посегнува по сопствениот живот неможејќи да го прифати неговиот апсурд и Марта останува лишена од единствениот емотивен прилив, сосем сама со помисла да се самоубие со каменот кој го држи. На крајот бара спасение од старецот, но останува сурово одбиена. Марта ја губи борбата со животните прашања кои сака да ги изгори со сонцето на југот, без да собере храброст да ги порази.
Бесчуствениот однос на младата Марта и исцрпената мајка, лишена од секоја човекова емотивна одлика не ја препознава чувствената наклонетост на Јан кој чезнее по повторна средба со своето семејство. Овој суштински контраст, кој останува неосвестен, исходи со кобно недоразбирање кое ја навестува смртта на ликовите во целост како телесно и душевно битие, бидејќи оној кој сакајќи да ја осознае смислата на животот, целосно застранува од неа, е осуден на пропаѓање и конечна смрт.
„Доста ми е од тоа посотјано да ја носам душава. Сакам брзо да го пронајдам тоа место каде што сонцето ги гори прашањата“
„Треба да минеш период на странец за да станеш син“
„Што е есента?- Втора пролет кога лисјата се како цветови. Можеби е така зашто има суштества кои би расцутеле доколку им помогнете со својата стрпливост“
Белешка за авторот:
Алберт Ками (1913-1960) - француски прозаист, филозоф, есеист и публицист, близу до егзистенцијализмот. За време на неговиот живот го добил заедничкото име „Совест на Западот“. Лауреат на Нобеловата награда за литература (1957).
Роден е во Алжир, кој тогаш сѐ уште бил дел од Франција. Роден е во семејството на чувар на компанијата за вино Лусиен Ками и неговата сопруга Кутрин Санте, која била неписмена жена.
Првата трагедија во биографијата на Алберт Ками се случила во детството, кога неговиот татко починал во на Првата светска војна. Поради тоа неговото семејство било често изложувано на финансиски потешкотии.
Кога Алберт Ками имал 5 години, се запишал во основно училиште, кое го завршил со почести во 1923 година. По основното училиште Ками почнал да работи за да го прехрани семејството, но неговите учители апелирале да го продолжи школувањето. Успеал да добие стипендија и да влезе во Лицеум.
На 17-годишна возраст, на Ками му била дијагностицирана туберкулоза поради која морал да го прекине школувањето. Како резултат на сериозните здравствени последици, тој бил ослободен од воената служба.
Во средината на 30-тите се запишал на студии по филозофија.
Во 1936 година, Алберт Ками станал магистер по филозофија. Тој билособено заинтересиран за проблемот со смислата на животот, споредувајќи ги идеите со хеленизмот и христијанството.
Во исто време, Ками зборуваше за проблемите на егзистенцијализмот - тренд во филозофијата на ХХ век, насочувајќи го своето внимание на уникатноста на човечкото постоење.
Некои од првите објавени дела на Алберт беа „Внатре надвор и лицето“ и „Свадбена слава“. Во последното дело, вниманието беше посветено на значењето на човечкото постоење и неговите радости. Во иднина, тој ќе ја развие идејата за апсурдизам, која ќе ја претстави во неколку трактати.
За време на Втората светска војна (1939-1945), Алберт Ками продолжил да се занимава со пишување, и да учествува во антифашистички движења. За тоа време, станал автор на романот „Чумата“, на приказната „Странецот“ и на филозофскиот есеј „Митот за Сизиф“.
Во повоените години, Ками работел како хонорарен новинар, пишувал драми и соработувал со анархисти и синдикалисти. Во раните 1950-ти, тој го објавил „Бунтовникот“, каде што го анализира бунтот на човекот против апсурдот на постоењето.
Ками активно ја следел политичката состојба во Европа. Тој бил многу вознемирен од порастот на просоветските чувства во Франција. Во исто време, тој почнал да се интересира за театарската уметност и започнал да пишува драми.
Во 1957 година, Албер Ками бил добитник на Нобелова награда за литература „за неговиот огромен придонес во литературата, истакнувајќи ја важноста на човечката совест“.
Кога Алберт имал околу 21 година, се оженил со Симоне Аје, со која живеел помалку од 5 години. Подоцна тој се оженил со математичарката Франсин Фор. Двојката имала близнаци Кетрин и Џенан.
Алберт Ками починал на 4 јануари 1960 година во сообраќајна несреќа.
Comments