Автор: Рајко Жинзифов
Жанр: расказ
Година на издавање: 1870
* Прошедба се смета за првиот расказ во македонската литература
Осврт:
Рајко Жинзифов е истакнат македонски културен и литературен деец кој живеел и творел во втората половина на деветнаесеттиот век. Како и своите современици, Константин и Димитар Миладинов, Жинзифов активно учествувал во одбраната на својот народ од силната френетска пропаганда и со своите авторски дела дал голем придонес во основоположувањето на македонската уметничка литература, покрај тоа што неговите дела не уживаат изразита уметничка вредност.
Расказот „Прошедба“ е негово прво и единствено прозно белетристичко дело, за прв пат објавено во списанието Братски труд во 1870 година. Според некои извори, расказот може да се восприми како „оживеан дел“ од патописот Од белешките на еден патувач на Македонија (1966) каде Жинзифов говори за животот на својот народ во времето на османлиското владеење.
Насловениот расказ е реалситички обликуван со примеси на романтичарски карактеристики својствени за литературата на деветнаесеттиот век.
Романтичарските елементи се очебијни во честиот мотив на повикување кон минатите времиња, преку временската паралела провлечена во дијалогот меѓу двајцата патувачи и старецот кој ги прифаќа во домот.
Имено, еден од позастапените елементи на делото на Жинзифов е токму тоа осврнување кон минатото како временска определба која го тековниот развој на вредностите, колективната мисла, ропоството и новите тенденции за спротивставување на истото.
Како основен мотив во неговите дела се истакнува описот на положбата на поробениот македонски народ, пропратен со богат опис на македонскиот народен селски бит и обичаи, со цел да се афирмира и зачува културната и духовна посебност.
Овој мотив е непосредно инспириран од народното творештво, како единствен претходнк на првата македонска уметничка литература и може да се сретне во делата на сите македонски преродбеници.
Во своето дело, Рајко Жинзифов, за македонскиот народ го користи епитетот „Бугари“ и аналогно на говорот на кој е напишано делото очебјно е силното влијание на бугарската пропаганда врз авторот.
Во расказот „Прошедба“ авторот пишува за односот на грчкото свештенство кон народот и јасно ги изразува своите критики кон неморалното, порозно и непринципиелно општествено политичко влијание, како дел од планот за спроведба на грчката Голема идеја преку верата како суштинска компонента на македонскиот бит.
Главната тема во севкупното творештво на Жинзифов е од општествено- политички карактер, исходена од актуелните настани кои го опишуваат времето во кое тој живее и твори.
Во расказот Прошедба аворот укажува на интензивната европеизација на македонската граѓанска класа и го наестува процесот на европска еманципација на народот, поставувајќи сликовити паралели меѓу селската и градската култура и вредносни тенденции во градската и селската средина.
Иако именуваниот расказ е напишан на на бугарско- македонски говор, а притоа, за македонскиот народ е употребен епитетот „ Бугари“, јасно е воочлива прогресивната тенденција на Рајко Жинзифов како македонски истакнат културен и литературен деец, припадник на плеадата македонски преродбеници кои целат кон одбрана на својата културна и нацонална самобитнос.
Притоа, Жинзифов ги поставуваат темелите на македонската уметничка литература која ќе биде уште еден камен- темелник на новата слободна Македонија со афирмирана самостојност и рамноправност со останатите балкански земји и народи.
Аналогно на оваа цел расказот Прошедба претставува споменик на македонскиот народ, создаден од една целост на ретроспективните и актуелните елементи од македонското живеење во периодот на деветнаесеттиот век.
Цитати:
„ А зашто ти ет старо времја, синко! Ти попитај како живеиме сега, а старо времја вече старо, вече поминало; а што поминуват, не сја враштат. Опулете сја ево онде: гледате ли тија развалини? Тија, вељат сет Маркови кули: там и Маркови цркви, там и Маркова житница, Маркова бања и разбој на Марковица... Так, синко, вие не верувате, вам ви сја чинат, че това ет приказка; а мене не, е мене казвал дедо ми, а на деда ми- дедо му...“
„Че инакви били тогашните владици и попове, не като сегашните които јахајат на кон и пијат нарѓиле... Че в црква сја пејало по старо и не като сега „Кири леисон“ и „Ети кети“... Инако синко читали, инако, по старински; не знам како по старински не помнам толку...“
„Заповеда владиката, с’браха всички книги. Ох, синко, направиха цело купиште; като сега помнам, имаше две коли да кренеш. Огин- рече владиката- огин! Тија сет еврејски и френски книги... Изгореха ги, синко, като слама...“
„ Наистина, ќе сретнеме жени, облечени с народни дрехи. Но, тие сет сељанки, преселени в град‘т пред некојси месец, а след неколку си месеци, та многу- многу след една година, кутрата сељанка сја сторила гражданка.“
„Деветнаесетиј век! Какво чудно времја, одвај гинит едно, стигхват друго бремја.“
Белешка за авторот:
Рајко Жинзифов (15 февруари 1839 – 15 февруари 1877) бил роден во Велес во влашко гркоманско семејство. Неговото вистинско име било Ксенофон Ѕинѕиф.
Татко му, Јоан Ѕинѕиф имал завршено медицински факултет во Атина, но работел како грчки фанариотски учител во Велес.
Ксенофон Ѕинѕиф во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност. Под негово влијание го променил грчкото име во словенско – Рајко Жинзифов.
Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот факултет во Москва, каде се движел во кругот на македонските студенти и, покрај учењето, се занимавал со писателска, преведувачка и публицистичка дејност.
По завршувањето на универзитетот, се вработил како професор по старогрчки јазик во една од московските гимназии. Продолжил со книжевна дејност, но главно со превод и публицистика, а соработувал и со руски, словенофилски и бугарски списанија од Цариград.
Жинзифов пишувал песни од кои посебно се значајни „Глас“ и „На Велигден“. Тој ја напишал и поемата „Крвава кошуља“, која е издадена во 1870 година, на македонски јазик. Го напишал и првиот расказ на македонски јазик „На прошедба“.
Починал на својот 38 роденден на 15 февруари 1877 година.
Comentarios