Автор: Цане Андреевски
Година на издавање: 1991
Реиздавање: 2020
Жанр: дијалог, мемоар
Разговорите се водени во периодот од 1985-1990
Осврт:
Река се запознава со пливање, а човек со разговор. (Корејска народна поговорка).
Со оваа реченица Андрреевски го започнува предговорот на делото „Разговори со Конески“ создадено во периодот помеѓу 1985 и 1990 година, во кое се документирани дијалозите на двајцата великани на македонската современа книжевност. Вакавата структурна и содежинска поставеност, видени од еден ретроспективен аспект, асоцира на Платоновите дијалози со својот учител Сократ, во кои се објавува светпт во својата објективна и интроспективна целост.
Дијалозите содржани во именуваното дело имаат извонредно широк и длабок тематски распон, почувајќи од најраното детство на Конески, па сѐ до актуелните придвижувања на светската и домашната култура, моралот и вредностите, при што ја дофаќаат развојната тенденција која ќе се оправда со текот на годините.
Карактеристичниот наратив на делото се одликува со една многудимензионална вивидност, понесувајќи ги ликовите на двајцата соговорници низ и надвор од времето, неосквернети во процесот на фигуративна инкарнација на мислата во зборот.
Ваквата обоеност на делото исходи од специфичноста на двојството на Конески и Андреевски која се должи на нивната карактерна усогласеност која се темели на уникатните субјективни согледби и филигрански интроспекции на соговорниците за време на својот исполнет живот.
Разговорите со Конески претставуваат полифонична портретизација на ликот и делото на бардот на македоската современа позија, во која непосредно самиот учествува.
Притоа, Андреевски го води низ темите и подробните присетувања низ кои Конски го открива човекот во поетот, повикувајќи на поезијата како занает кој треба да биде вреднуван исклучиво според квалитетот, цврсто одрекувајќи ја тенденцијата на елитистичка романтизација и дивинизација на чинот на творење кој треба да исходи единствено од искрените чувстувања и потребата на писателот да го искаже она кое посегнува да добие свој збор.
Воедно, овие дијалози сведочат на едно интимно доосознавање на соппствениот интроверзум на Адреевски кој низ одговорите на професорот ги открива и надоврзува своите ставови при што се афирмира заемната продуховеност на соговорниците.
Самиот автор на делото е познат по својата непретенциозна поставеност на литературното и уметничко тло, стремејќи се да посегне по суштината на чинот на создавање како крик на душата која сака да направи промена преку убавината и дорброто, без кои не би опстанал светот.
Разговори со Конески е дело кое исходи од една монументална средба на великаните на македонската современа позија и литература, но пред сѐ на луѓе кои со својот исклучителен интроспективен сензибилитет ги насетуваат динамичните текови на времето од кое преоѓаат. Воедно, Андреевски создава оживен паметник на оној кој во своето богато и плодно творештво го барал животот, но не и животот во творештвото, на оној начин на кој само човекот може да постане вистински поет, а поетот кој своето име го презема
како единствена животна максима неретко заборава како да остане човек.
Извадоци:
КОНЕСКИ: ... Да не заборавам. Јас си мислев дека светот завршува со венецот на планините околу Небрегово. И, децата си велевме, често пати: Е, да се качиме онаму и со еден остен да го дупиме Господ. (Се смее). Меѓутоа, знаевме дека зад тој хоризонт има град, зашто нашите родители одеа на пазар в град и по нешто ни донесуваа. И едно наше другарче беше отишло в град. И ни кажуваше чудесни работи. Паметам дека ни кажуваше за тоа дека имало некакви жици, а на жиците стоеле врапчиња, па со стрели ги тепале врапчињата. (Се смее). Сето тоа беше за нас несфатливо. Ниеден од тие објекти не ни беше познат. Нити жиците, нити тие стрели. И, едно попладне се решивме да одиме в град, една група, можеби пет-шест дечиња. И тргнавме. Одевме до Сивец. Сега е таму рудникот за мермер. Тука веќе, кога ќе се дојде на Сивец, се преминува на прилепската страна. И, одиме. На никого не му кажавме. Така, самоиницијативно тргнавме. Дојдовме до Сивец. Таму нè догледа тој наш овчар Трајко. И, вели - кај одите, бе? - В град! - ние воопшто не запираме. А тој ни вели: Ееееееј, ене го волкот онаму! (Се смее). Вели: Клекнал на задните нозе и ве чека. - И, штом го чувме тоа - брзо назад! Ни помина желбата да го видиме градот. Инаку, мојата прва средба со градот навистина беше за мене, така да кажам, едно големо и шокантно доживување.
***
КОНЕСКИ: Кога бев во трети клас гимназија, професорот по историја ни даде домашна задача, да напишеме нешто по слободен избор. Јас се решив да направам состав за Маркови кули и за манастирот Свети Аранѓел на Варош. Одев таму, пишував. Знам дека ги копирав и натписите на фреските на крал Волкашин и крал Марко. Тие тогаш добро се читаа. Денеска се веќе истриени. Не можат да се видат. Кога ја предадов работата и професорот ја прочитал, неговото прашање беше - од каде сум го препишал јас тој состав. Се разбира, тоа мене страшно ме мавреди. Не знам како се оправдував. Бидејќи текстот случајно беше зачуван во мојата тетратка и подоцна можев да го читам, сега одамна е загубен, ме изненади какво требало да биде нивото на тој професор, кога можел да помисли дека еден детски состав е од некаде препишуван.
***
КОНЕСКИ: Не е ни задача поетот да настапува како оние што прават текстови за новокомпонирани народни песни и што задоволуваат една друга потреба и потреба на луѓе од определено ниво
***
КОНЕСКИ: .. Кога ќе се достигне еден квантум од песни, тогаш јас издавам книшка. Бидејќи во еден временски отсек може човека да го интересираат определени проблеми, тогаш се случува збирката да биде и кохерентна, иако не е планирана однапред... Селекција се врши во смисла на она што не издржува некаков авторски критериум. А не вршам селекција во смисла да биде баш и тематски изедначена. Затоа што и речиси нема поетска збирка да е во таа смисла кохерентна...
***
Белешка за авторот:
Цане Андреевски е познат македонски поет, раскажувач и писател за деца. Роден е на 10 јули 1930 година во Кратово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а работел како новинар и уредник во Радио Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1957 година.
Од неговото богато и квалитетно творештво за деца ќе ги спомнеме поетските збирки: „Сончева порака“, „Што има ново“, „Планета со петел“ и „Шинато уво“, потоа збирката раскази „Јаготки“, која има неколку изданија и преведена е на неколку јазици, збирката приказни за деца „Дарби“, повестите за деца „Нашите први учители“ и „Остануваме на Ножот“. Тој ги објавил и поетските збирки за возрасни: „Добрина“, „Свечености“, „Сребрен поток“, како и книгата со разговори „Разговори со Конески“.
Од неговите најнови дела ќе ги спомнеме дидактичката книга за деца „Малата голема точка“ и збирката со хаику-песни „Дождот“. Цане Андреевски е добитник на наградите „Кочо Рацин“ и признание на РТВ Скопје на Струшките вечери на поезијата.
Но покрај што е татко на многу песни и новинарски статии, тој е татко на две деца и сопруг на познатата писателка за деца Оливера Николова, авторката на култната книга за деца „Зоки Поки“, но и на многу други книги за деца и за возрасни.
댓글