top of page

β-Предлог книга на неделата: Уметноста на преведувањето (Есеи)

Writer: Софија ТодороскаСофија Тодороска

Автор: Владимир Набоков

Наслов на оригиналот: The art of translation

Година на издавање: 1941

Жанр: есеј

Осврт:

Владимир Набоков се вбројува меѓу најплодните, најзначајните, но и најконторверзни автори на 20тиот век. Според голем број литературни критичари и есеисти, Набоков се смета за еден од најмногујазичните писатели на своето време.


Исклучително широкот творечки опус кој се протега до речиси сите современи форми на литературно изразување се должи на неговата исклучителна љубов и наклонетост кон уметноста кој станува нераскинлив дел од сопстената личносна идентификација.


Во еден наврат, Набоков ќе истакне уште дека уметноста за него е животна есенција, единствена човекова неопходност и потреба.


Владимир е познат по особената способност за есеистичко изразување, литературна критика и проникнување во суштините на предметот, согласно неговата истакната активност и во областа на просветата, историјата, јазичната теорија и книжевната критика.


Неговиот израз е луциден и лесно воспримлив, со внимателно избрана лексика која успева на едноставен начин да ја изрази сложената природа на проблемот кој се разгледува.


Во својот есеј „Уметноста на Преведувањето“ Набоков говори за преведувачкиот процес како применета уметност која изискува исклучителни познавања но и силна емотивна и прониклива способност да се откријат суштините и да се доловат на начин на кој ниту еден дел од оригиналноста на делото нема да биде избледен.


Остро ги критикува суштинските превиди при преведувањето кои настануваат како одговор на неискрениот пристап на преведувачот кон текстот или неговата неспособност да ја пронајде суштината на туѓиот, а истата да ја пренесе на својот јазик и со сета доверена одговорност да му ја предаде на читателот неосквернета, во својата изворна форма до највозможна инстанца.


Во своето излагање, Набоков ги обединува своите исклучителни познавања од областа на лексиката, историјата, етимологијата, уметничката и наменска литература и истакнува во една совршено одмерена форма која е лесно восприемлива, но приотоа ги разргаботува суштинските аспекти на процесот одговорен да го одржи пулсот на живата литература.


Оттаму, основната идејна нишка може да се разбере како негација на широко распространетиот став кон преведувањето како еден чисто механички, мануелен процес, осквернет од затапеното човеково сетло да ги побара суштините и да посегне по нив, притоа несебично предавајќи им ги на своите луѓе од исто говорно подрачје, култура и традиција.


Затоа, преведуаваштвото претставува област која изискува речиси медицинска одговорнос ти филигранска прецизност, а исотот е постојано предочено во есејот за кој стана збор во ова мое денешно обраќање.


Цитати:

„ Во чудниот свет на вербалната емиграција се разликуваат три степени на зло. Првиот, наедно и најмал, ги опфаќа очигледните грешки кои се должат на незнаење или погрешно знаење...Следниот чекор кон пеколот го прави преведувачот кој намерно прескокнува зборови или делови што го мрзи да ги разбере или кои би им биле нејасни или одвратни на бледо замислените читатели... Третиот, истовремено и најлош степен на расипаност се достигнува кога едно ремек- дело ќе се исчука и ќе се измава во една таква форма, кога подмолно ќе се разубави на еден таков начин за да се приспособи на мислењата и убедувањата на одредена публика. Ова е злосторство што треба да се казни со справа за мачење, исто како што биле казнувани плагијаторите во времето кога се носеле чевли со шноли“


„ А една национална смисла за хумор, поттикната од сличноста меѓу руските зборови за „лак“ и „кромид“ натерала еден германски професор да го преведе „закривување на брегот“ (во една бајка на Пушкин) како „Кромидовото Море“


„ Обични изрази од некој англиски роман, какви што се „прва ноќ“ или „крчма“ во некои руски преводи станале „брачна ноќ“ и „бордел“ “


„ Имаше еден многу самосвесен поет кој во борбата со преводот на еден многу измачен текст напиша: „Избледува од премногу размислување““


Белешки за авторот:

Владимир Набоков е роден на 22 април 1899 година во Санкт Петербург, како најстаро дете во богато аристократско семејство. Неговиот дедо бил министер за правда во текот на осум години, служејќи им на два цареви, додека татко му бил истакнат правник, либерал и член на првата руска дума. Неговото семејство било настроено англофилски, па Набоков научил да чита и пишува најпрво на англиски јазик (покрај францускиот јазик), а дури потоа на руски.


Набоков студирал на престижниот Тринити колеџ во Кембриџ при што на почетокот студирал ихтиологија (наука за рибите), а дипломирал на руска и француска книжевност.


Во 1923 година, Набоков се преселил во Берлин, каде останал сѐ до 1937 година. Тој заработувал за живот давајќи часови по тенис, бокс, странски јазици, руска поезија итн., а истовремено пишувал бројни критички статии и составувал шаховски проблеми, а сето тоа го правел користејќи разни псевдоними.


Книжевното творештво на Набоков е обемно и се состои од неколку стотини песни, 16 романи (осум напишани на руски и осум на англиски јазик), драми, преводи од руски и англиски, литературни критики и есеи.


Набоков бил мајстор на стилот и на јазикот, а уметноста ја сфаќа како игра. За него, реалноста постои само во наводници, зашто низ пукнатините на стварноста се наѕира нова, уметничка стварност. Во таа смисла, тој изјавил: „Колку подолго живеам, сè повеќе сум уверен дека единственото нешто што значи во книжевноста е (помалку или повеќе ирационална) магијата на книгата, т.е. добриот писател е пред сè магионичар. Набоков бил противник на ангажираната книжевност, велејќи: „Уметничкото дело нема никакво значење за општеството, туку само за поединецот, и само поединечниот читател има значење за мене.


Покрај со книжевноста, во текот на целиот живот Набоков се бавел и со лепидоптерологија (наука за пеперутките). Открил нов вид пеперутка која го добила неговото име.


Починал во 1977 година во Швајцарија.

Comments


bottom of page