top of page

β – предлог филм: АВИВА

Writer: Калина КачоровскаКалина Качоровска

Режија: Боаз Јакин

Улоги: Zina Zinchenko, Bobbi Jene Smith, Tyler Phillips, Annie Rigney

Година: 2019

Времетраење: 116’

Земја на потекло: САД/Франција

Жанр: Драма


Награден со наградата „Златен Був“ за најдобар филм според публиката на 11. Филозофски филмски фестивал

На листата на соработници на овогодинешното единаесетто издание на Филозофскиот филмски фестивал, на наша огромна чест и задоволство, се најде и Култура Бета. Со оглед на тоа што станува збор за филмски фестивал, многу природно дојде одлуката таа соработка да се „овековечи“, покрај другото, и со објави во токму оваа рубрика, Филм на неделата. Па така, денес ја читата втората и последна препорака за филмови кои беа дел од програмата на ФФФ (Официјална селекција на долгометражни филмови).

За да ве воведам, убаво би било да прочитате го прочитате официјалниот синопсис на филмот составен за каталогот на фестивалот:


„Најновиот филм на Боаз Јакин што вклучува егзалтирачки танцови сцени и двајца протагонисти играни од четворица различни актери, нуди една возбудлива мешавина на мета-филм, перформанс и драма и го дофаќа оној незаприлив, немирен и флудиен момент во времето – токму сега – каде машко-женската динамика е демистифицирана и соголена како никогаш досега. За филмот Rollingstone едноставно ќе рече: „Сексуално исцеление, танц по танц“. Авива доаѓа од Париз, а Идн е од Њујорк. По долги електронски-маил преписки, конечно се среќаваат и се заљубуваат. Но животот им е полн борби, бидејќи во младите љубовници постојат завојувани страни на маскулинистичките и феминистичките енергии кои се борат за примарност. Преку сексуалноста и танцот се поместуваат родовите граници и се отвора една родова енигма којашто го преобразува односот што го имаме едните кон другите, но и односот кон самите себе (како андрогини суштества).“

Единствената причина поради која воопшто ја пишувам кратката содржина на филмот е зашто според некои правила, секоја препорака треба да го содржи тоа. Сепак, убавината на овој е филм, барем во моето лично искуство, е тоа во него да се навлезе без никакви очекувања и предзнаење, нешто што можеби оваа препорака уништува. Но, едноставно не можам да го оставам така, недопрен, непрепорачан, незборуван. „Авива“ заслужува да биде познат, заслужува да биде славен, заслужува да биде величен.


Филмови гледам често. Реакции на нив имам често. Се воодушевувам често. Ме допираат често. Но, она што го почувствував и емотивно и физички после „Авива“ е нешто што одамна го немав почувствувано. Во салата на Кинотека која веќе ја чусвтвувам како втор дом, речиси два часа го држев воздухот. По завршување на проекцијата, издишав. Со другарка ми до мене се погледнавме и не знаевме што да кажеме, но немаше ни потреба за зборување. Можеби 10 минути не можев да се движам зашто ми се тресеа нозете од она што само го имав изгледано.

Не, нема да ви кажам зошто ми беше така. Доволно издавање беше и синопсисот. И самиот филм смета дека некои работи не треба да се зборуваат:


„Не треба да се зборува за љубовта ниту за старите љубовници едноставно кога се почнува нешто ново треба да се почне одново можеби не требаше да зборуваме толку многу пред да се запознаеме од толку зборување направивме да мислиме дека се знаеме.“

Ви оставам вам да го доживеете на свој начин, кој можеби ќе биде сосема поразличен од мојот, но се надевам дека силната реакција која јас ја имав, ако ништо друго, барем ќе ве натера да седнете и да го погледнете.


Ајде, ајде да го направиме овој филм феномен. Тоа го заслужува!


Comments


bottom of page