• Калина Качоровска

β-предлог филм: Исправи се, Делфина!

Режија: Александар Ѓурчинов

Улоги: Неда Арнериќ, Диме Илиев, Дарко Дамески, Слободан Димитриевиќ

Година: 1997

Времетраење: 101’

Земја на потекло: Македонија

Жанр: Драма

Време е за македонски филм, нели?


Како што почнав со летни филмови, ред е да го ставам и мојот омилен македонски филм на сите времиња, кој случајно се поклопува да биде и летен (барем во моите очи).


Верувам дека многумина од вас го имаат гледано, а ако не, тогаш сигурно сите имате пеено „И овој ден летен блика како плам, ко слика на мојата Делфина“. Е, па, да, за оваа Делфина е тоа.


Филмот е инспириран од вистински настан, а тоа е подвигот на Атина Бојаџи, македонска пливачка која го препливува Ламанш. Додека се обидува да го премине каналот, таа и публиката, постојано се навраќа на најважните моменти од нејзиниот живот која ја довеле до таму каде што е.


Убаво е да се види Скопје, да се види Охрид и Метропол и Континентал во екот на нивниот престиж. Убаво и да се чуе како звучел македонскиот јазик и колку тој денес е поинаков, иако е пред помалку од 50 години. Убаво е да видиме сега веќе реномирани глумци како Диме Илиев како изгледале во нивната младост. Убаво е да се редуваме за Делфина како што се радувале за Атина. Убаво е да се чуе „Исправи се, Делфина“ и „сети се на јагулите“. Особено е убаво ако тоа се доживува за првпат. Затоа, сите оние кои не сте ја гледале оваа прекраснотија од филм, направете го тоа веднаш. А, вие другите, знаете дека сакате да го гледате пак.



118 views

Recent Posts

See All