Режија: Gualtiero Jacopetti, Paolo Cavara, Franco Prosperi
Наратор: Stefano Sibaldi
Времетраење: 108’
Година на издавање: 1962
Земја: Италија
Жанр: мондо документарен филм
Mondo Cane е уникатен документарен филм кој исто така и е зачетник на еден посебен субжанр мондо и го популаризира истиот. Филмот се состои од сцени кои ги покажуваат многуте културни обреди, практики и различности од целиот свет со цел да ја шокира или изненади тогашната Западна публика.
Сцените не се движат по некој логичен редослед и се само еден приказ на разликите и културната разновидност на нашата планета, го покажуваат човештвото во различно светло, од религиозни ритуали до уметнички перформанси. Може да се забележат сцени од Европа, Азија и Америка, сцени од племиња и современи општества. Покажано е она што би требало да изгледа сензационално или ексцентрично.
Сигурно овој филм ќе ви додаде нешто повеќе во вашиот поглед на светот.
Comments