• Калина Качоровска

β-предлог филм: Небеска тема

Режија: Младен Матичевиќ

Година: 2019

Времетраење: 108’

Земја на потекло: Србија

Жанр: Документарец, биографија

Филмската препорака оваа недела е малку поинаква. Пред сѐ, затоа што првпат препопрачувам документарец, а потоа и затоа што првпат е филм кој е волку близу до нас. Станува збор за биографски филм за животот и делото, кој е најпознат како фронтмен на мега-популарната екс-ју група „Идоли“. Оттука, од една страна доколку не сте фанови на овој бенд, не знам колку би биле заинтересирани, но од друга страна, можеби затоа толку силно го порепорачувам овој филм. За првпат го гледав на македонската премиера на Синедејс, каде по проекцијата имаше разговор со дел од екипата која работела на филмот, а меѓудругото и бивши член на оваа група. Иако со оглед на околностите не ви ветувам гледачко искуство како моето, ветувам дека по овој документарец, доколку досега сте биле фанови на Влада и на „Идоли“ ќе станете уште поголеми, а доколку никогаш не претходно не сте биле заинтересирани, по овие нецели два часа ќе посакате уште веднаш да ја истражите цела нивна дискографија. „Небеска Тема“ е филм со една крајно позитивна и ведра атмосфера, што дури и кога се зборува за последните моменти од животот на Влада, главна емоција е надежта.


Ако ништо друго, покрај членовите на „Идоли“ се појавуваат и Бајага и Дарко Рундек. За мерак!

119 views