Режија: Љубомир Радичевиќ
Улоги: Беба Лончар, Душан Булајиќ, Миодраг Петровиќ
Година: 1960
Времетраење: 105’
Земја на потекло: Југославија
Жанр: Музичка комедија
Колку лесен филм, а колку прекрасен!
На група студенти им е потребно да заработат пари, па со таа цел одлучуваат да организираат модна програма за компанијата „Југошик“. Сето тоа успева да се изведе со мали и слатки измами, симпатии, флерт, буцкање, смеење.
Филмов го препорачувам заради три работи:
Арсен Дедиќ игра епизодна улога
Југословеската мода од крајот на 50-те и почетокот на 60-те, карираните фустани со тесен струк и средените фризури се мед и млеко
Музиката е култна, со тоа што главната хит песна „Девојко мала“, подоцна ја преработуваат Идоли!
Уживајте во ова колаче од филм.
Comments