top of page
Writer's pictureКалина Качоровска

β – предлог филм: Љубовната вештерка

The Love Witch


Режија: Anna Biller

Улоги: Samantha Robinson, Laura Waddell, Jennifer Ingrum, Gian Keys

Времетраење: 120’

Земја: САД

Жанр: Хорор/комедија/мелодрама

„Љубовната вештерка“ (The Love Witch) оддава почит на техниколор филмовите, но не наликува на ништо снимено во последните дваесет години. Ја следи Elaine, млада вештерка која започнува нов живот по смртта на нејзиниот маж за кого почнува да бара замена. Првото нешто кое ќе ве освои при гледање е визуелниот стил, благодарение на кој ќе се чувствувате како истовремено да се наоѓате во шеесетите години на минатиот век, во некој паралелен свет или пак како во нечија халуцинација. Секој момент од филмот изгледа неприродно и претерно, но токму тоа е она што го прави вреден за гледање. Преку смрт, танц, сатанистички ритуали, високи чизми и сина сенка, „Љубовната вештерка“ и Elaine поставуваат прашања за тоа како светот и културата се справуваат со женската сексуалност, средновековните наспроти модерните родови улоги, но и машкиот и женски поглед. Филм кој нема да го заборавите уште долго по првото гледање.

Comments


bottom of page