top of page
Writer's pictureКалина Качоровска

β-предлог филм: Basquiat

Режија: Julian Schnabel

Улоги: Jeffrey Wright, David Bowie, Gary Oldman, Dennis Hopper

Година: 1996

Земја на потекло: САД

Времетраење: 108’

Жанр: Драма

Bowie како Warhol? Да!


Basquiat (1996) е филм кој го раскажува краткиот, но бурен живот на уметникот Jean Michel Basquiat, со посебен акцент на клучните години кои го довеле до неговиот крај, заедно со сите перипетии, внатрешни борби, слава, дрога, идентитет, претенциозни снобови и секако, како главна ѕвезда, Њујорк.


Самиот по себе, не е врвно филмско здание. Но сепак, уникатниот стил и начинот на кој е претставена поп културата, рапот, панкот и графитите, својствени за осумдесетите и особено фраерски изведени, допринесуваат вредни 108 минути за гледање. И добро, како може филм кој ги има Bowie, Gary Oldman и Dennis Hopper во улога на њујоршки уметнички елити да не биде шармантно? Тука морам и да споменам зошто ми е особено драго што Bowie го игра Warhol. Имено, тој има направено песна во негово име уште долго пред да се запознаат, но кога конечно преку заеднички пријател се сретнале во легендарната The Factory, на овој вториов песната воопшто не му се допаднала. За да биде уште понезгодно, единствено нешто кое му го кажал било: “I like your shoes”.


Уживав во претходноспоменатите нешта, но уживав и во тоа да дознаам нешто повеќе за животот на еден од моите омилени уметници. Се надевам дека ќе уживате и вие.


Comments


bottom of page