• Калина Качоровска

β – предлог филм: Blue Velvet

Режија: David Lynch

Улоги: Kyle MacLachlan, Isabella Rossellini, Laura Dern

Година: 1986

Земја на потекло: САД

Времетраење: 120’

Жанр: Психолошки хорор, филм ноар

Првиот филм кој го препорачав беше од мојот омилен режисер, секако, David Lynch. Сега го препорачувам неговиот веројатно најпознат филм, култниот Blue Velvet. Причината која ме поттикна да размислувам на него повторно е смртта на актерот зад една од најлегендарните улоги, Dean Stockwell. Во негова чест, гледајте го филмов чија содржина е следна:


Џефри Бомонт се враќа дома откако дознава дека неговиот татко има претпрпено тежок мозочен удар. Враќајќи се дома од болницата, наоѓа исечено и оштетено уво кое го зема со себе и го носи кај локалниот детектив и ја среќава и неговата ќерка. Таа споделува тајни детали од истрагата и му навестува постоење на една сомнителна жена, пејачката Дороти Валенс (ја игра Изабела Роселини). Оттука, не откривам ништо понатаму зашто секоја сцена вреди да ја доживеете за првпат сами. Секако, истоимената песна Blue Velvet e само јаготка на шлагот.

33 views