• Калина Качоровска

β-предлог филм: Coffee and cigarettes

Режија: Jim Jarmusch

Улоги: Iggy Pop, Tom Waits, Cate Blanchett, Bill Murray, Meg White, Jack White, Roberto Benigni, RZA, NZA…………………..

Година: 2003

Времетраење: 96’

Земја на потекло: САД

Жанр: Комедија, драма

Во секцијата за улоги во филмов намерно има толку многу точки. Зашто не можам да ги соберам сите ѕвезди кои се појавуваат во овој филм. Имено, Coffee and Cigarettes (2003) е составен од 11 поединечни филмови кои немаат допирна дочка еден со друг освен, логично, кафето и цигарите. Во сите 11 филма, дејството нема никаква акција освен разговорот помеѓу присутните додека пијат и пушат.


И еве ме мене, во процес на пишување и се наоѓам во тесно – не знам што да издвојам. Еве, што е покултно? Разговор помеѓу THE Iggy Pop и THE Tom Waits? Кејт Бланшет во двојна улога? Мег и Џек од White Stripes како разговараат за Тесла? Стив Бушеми како келнер?


Дома имам ЦД од филмов откако знам за себеси. Првпат го гледав пред сто години, но секогаш кога ќе ја видам опаковката се присеќам пак да си го пуштам и некако секогаш е во правилен момент, па така и сега, убедувајќи ве и вас да го пуштите за можеби првпат во животот.


Некогаш е убаво на екран да видите нешто толку обично како кафе муабет и цигари. Барем јас, во такви ситуации се чувствувам како и мојот живот да има филмска вредност. И кој може да ми каже дека не е така?


Топло препорачувам и можеби првпат давам оценка, но за мене, Coffee and Cigarettes е 10/10.

72 views