top of page
Writer's pictureКалина Качоровска

β-предлог филм: Dekalog 1/I Am the Lord Thy God

Режија: Krzystof Kieslowski

Улоги: Henryk Baranowski, Wojciech Klata, Maja Komorowska

Времетраење: 53’

Земја на потекло: Полска

Жанр: Драма



„Јас сум Господ твој, да немаш други богови освен Мене“


Првата од десетте филмски епизоди од „Декалог“ (1988) на Кешловски кој е инспириран од десетте божји заповеди е несомнено и најемотивната. Дејството го води десетгодишниот Павел кој живее само со татко му Кшиштоф и животот им е целосно диригиран од нивниот домашен компјутер. Од една страна го имаме татко му кој е целосно посветен на технологијата и верува во нејзе како нешто највисоко, а од друга страна е тетка му која смета дека Павел треба да се посвети и на духовно образование кое всушност тој самиот го бара. Без да издавам било што од содржината, сакам да ви препорачам пред да почнете со гледање да се подготвите психички, физички и емотивно за едно крајно длабоко гледачко искуство. Иако присуството на некоја виша сила во ниеден момент не споменува директно, истото е константо присутно во теофил(м)ската (според Стојан Синадинов, Кинотека) визија на овој генијален режисер. Задолжителна филмска лектира.

Yorumlar

Yorumlar Yüklenemedi
Teknik bir sorun oluştu. Yeniden bağlanmayı veya sayfayı yenilemeyi deneyin.
bottom of page