Режија: Wong Kar-Wai
Година: 1995
Улоги: Leon Lai, Michelle Reis, Takeshi Kaneshiro, Charlie Yeung, Karen Mok
Времетраење: 96’
Земја на потекло: Хонг Конг
Жанр: Драма
Мене 2021 ми започна со Wong Kar-Wai, па по природен тек на работите, прва препорака за филм оваа година е токму негов филм. Fallen Angels е најпрвен замислен како од неговиот претходник, Chungking Express, но режисерот подоцна се одлучува да го направи како посебен филм, на некој начин втор дел и ја прави правилната одлука – совршено фукнционира самостојно. Дејството е поделено на две приказни кои наизменично се менуваат и немаат ништо заедничко една со друга, единствено ретки, случајни средби помеѓу ликовите.
Првата приказна го следи ликот на еден палтен убиец и неговата таканаречена „партнерка“, а во вторната приказна главна ѕвезда е немиот деликвент игран од страна на Takeshi Kaneshiro (кој исто така игра главна улога и во Chungking Express).
Подземни метро станици, неонски светла, барови, McDonald’s, перики и убави улици се само дел од нештата кои го прават филмот толку посебен колку што е. Иако дефинитвно станува збор за филм кој е воден од атмосферата, а не од содржината, кој може да одолее кога атмосферата е волку примамлива?
Јас сѐ уште не можам да престанам да мислам на овој филм, а верувам дека ситуацијата ќе биде слична и со вас.
Comentários