• Калина Качоровска

β-предлог филм: Good Time

Режија: Josh and Benny Safdie

Година: 2017

Улоги: Robert Pattinson, Benny Safdie, Barkhad Abdi, Jennifer Jason Leigh, Buddy Duress

Времетраење: 101’

Земја на потекло: САД

Жанр: Трилер

Good Time го следи ликот на Connie (Robert Pattison), крадец на банки кој преку различни манипулации, криминални дела, лаги и шармирање се обидува да го ослободи својот ментално попречен брат од затвор.

Можеби синоним за Robert Pattison ви е и секогаш ќе ви биде Twilight, но ова е веројатно моменот кога во филмската индустрија тој почна да биде сметан за сериозен и особено баран глумец, а не само тинејџерски идол. Со причина! Во овие 100 минути, тој сјае како никогаш претходно и се воспоставува себеси како еден од холивудските големци.

Покрај неговата несомнена харизма и ѕвезда, останатите глумци се подеднакво неверојатни, највпечатлив од нив е и самиот режисер кој ја игра улогата на Nick, братот за кој Connie ги прави сите оние глупости кои со возбуда ќе ги следите.

Во одредени моменти на филмот бев толку внесена во дејството што чувствував буквално лупање на срцето поради немир од тоа што ќе се случи следно. Самиот Robert Pattinson го споредува филмот со имање на паничен напад и целосно можам да се согласам со тоа (на добар начин, де).

Уживајте во адреналинот!

79 views

Recent Posts

See All