• Калина Качоровска

β – предлог филм: Ladies and Gentlemen, Mr. Leonard Cohen

Режија: Donald Brittain, Don Owen

Улоги: Leonard Cohen

Година: 1965

Земја на потекло: САД

Времетраење: 44’

Жанр: Документарец

Добро, сериозно прашање, има некој што не го сака Леонард Коен? И да има, јас не сум една од нив.


Последниве неколку дена по слушање на еден подкаст, мојата исконска љубов кон можеби најголемиот поет, текстописец и музичар на минатиот век (а за мене еден од најважните) ми се врати. Кога со нешто ќе се опседнам, гледам, читам и слушам сѐ што можам да најдам. Така и сега, па затоа и дојдов до Ladies and Gentlemen, Mr. Leonard Cohen.


Филмот е сниман во 1964, уште пред Коен да биде музичар. Во овој период, тој е реномиран поет и стенд-ап комичар и поради неговиот шарм, режисерите решаваат да направат портрет на човек чие име денес значи тоа што значи.

Ова е дело кое вреди да се види не поради неговата вредност сама по себе, туку затоа што харизмата на Леонард Коен истекува од екранот уште години пред тој да биде познат. Тука, како никаде на друго место, се гледа зошто тој толку природно станува позната личност. Кој може да оспори една ваква ѕвезда на чело?


44 views

Recent Posts

See All