Режија: Lee Isaac Chung
Улоги: Steven Yeun, Han Ye-ri, Yono Yuh-jung, Alan S. Kim
Времетраење: 115’
Земја: САД
Жанр: Драма
Година: 2020
Ова е период на Оскари и филмски награди. Иако можеби годинава немаме наш филм за радување и исчекување на победа, тоа не значи дека нема за што да се следат овие актуелни номинации. Прв и најдобар пример за тоа зошто да ги гледате Оскарите оваа година е Minari.
Дејството следи едно четричлено, јужнокорејско семејство во осумдесетите години кое е имигрирано во САД и се обидува да создаде пристоен живот. Од Калифорнија се преселуваат во Арканзас, родителите работат со кокошки, синот има проблем со срцето, а сон на таткото е да има своја фарма, додека мајката сака да се вратат на претходното живеалиште.
Да ја имав прочитано само кратката содржина, немаше да бидам ни малку заинтригирана за гледање. Меѓутоа, без да ви издадам нешто од самото дејство, го давам мојот збор дека е филм што вреди да се погледне. Од една страна поради неверојатните и уверливи изведби на глумците, од друга страна поради тесната врска со природата, земјата, почвата и водата и човечноста и натуралноста, од трета страна поради симбиозата на надеж и болка.
Comments