top of page
Writer's pictureКалина Качоровска

β-предлог филм: Mistress America

Режија: Noah Baumbach

Улоги: Greta Gerwig, Lola Kirke

Година: 2015

Времетраење: 84’

Земја на потекло: САД

Жанр: Комедија

Иако погоре пишува дека жанрот е комедија, Mistress America е исто така уште еден мој омилен жанр на филмови: млади луѓе во Њујорк (голем плус ако една од тие млади луѓе е Грета Гервиг).

Во овие кратки 84 минути се раскажува за студентката Трејси која сфаќа дека е прилично осамена во големата метропола и следејќи го советот на мајка ѝ, се здружува со ќерката на идната сопруга на татко ѝ, Брук (Гервиг), која е особено откачена и забавна, има нетипични животни планови и фраерско друштво. Па така, Трејси почнува да пишува приказни целосно инспирирани од нејзе, што е појдовна точка за поголемиот дел од понатамошните случувања.

Дејството е исполнето со ексцентрични појави и ликови во една многу модерна околина и харизмата е толку очигледно што не може а да не „паднете“ на истата. Филмот е смешен, едноставен, оптимистичен, а некако и покрај сѐ, реалистичен, a сценариото (здружени сили на Гервиг и Бамбах) е генијално – I’m so embarrassed. I’m not a real person yet.


Апсолутно најшармантното нешто што ќе го гледате месецов!


Comments


bottom of page