top of page
Writer's pictureЛеонид Велковски

β – предлог филм: November

Режија и сценарио: Rainer Sarnet

Улоги: Rea Lest, Jörgen Liik, Arvo Kukumägi

Кинематографија: Mart Taniel

Времетраење: 115’

Година: 2017

Земја на потекло: Естонија

Жанр: фантазија, хорор, драма

Дејствието во овој филм се одвива во 19 век во едно естонско село во кое владеат повеќе митски суштества како ѓаволот, чумата, а се појавуваат и мртвите. Скоро сите селани си ја продаваат душата на ѓаволот за да создадат едно суштество крат, кое им помага во секојдневните обврски. Сепак освен што селаните се занимаваат со мртвите и продавањето на својата душа, а и магијата, во филмот се развива еден љубовен триаголник помеѓу Ханс, Лина и бароницата, во која е заљубен и самиот Ханс, а Лина е сепак заљубена во Ханс, но се обидува да го придобие. Неуспешната љубовна врска, можеби и несудената врска помеѓу Ханс и Лина ќе заврши трагично, скоро шекспировски.

Освен што филмот изобилува со мотиви од естонската митологија, тој има прекрасна кинематографија која ве носи во тој митски свет, а црно-белата боја на филмот му дава посебна длабочина. Костимографијата го отсликува периодот во кој се случува дејствието, а глумата исто така не е за потценување. Овој филм дава увид во оргиналноста на источноевропската кинематографија.

Comentarios


bottom of page