Режија: Alfred Hitchcock
Сценарио: Arthur Laurents
Улоги: James Stewart, John Dall, Farley Granger, Joan Chandler
Кинематографија: Joseph A. Valentine, William V. Skall
Монтажа: William H. Ziegler
Времетраење: 80 ’
Година: 1948
Земја на потекло: САД
Жанр: трилер
Двајца пријатели, Брендон Шо и Филип Морган, прават вечера на која повикуваат повеќе свои пријатели. Нивната вечера е поставена на интересно место, на стар дрвен ковчег, во кој се крие нешто неочекувано за гостите.
Тие сакаат да ја докажат својата супериорност така што ќе го извршат ,,совршеното убиство” на својот поранешен соученик Давид, сакајќи да ја потврдат идејата на Ниче за натчовекот. На вечерата постојано ќе се зборува за отсуството на Давид, а при разговорите со нивниот поранешен учител Руперт Кадел, Брендон постојано ќе ја начнува темата за ,,убиството како уметност”. На Филип во тие моменти ќе му станува премногу непријатно, а како поминува времето, алкохолот ќе им дејствува и двајцата ќе стануваат сè повеќе сомнителни.
Откако сите гости стануваат загрижени за отсуството на Давид, полека заминуваат, а на крајот ќе се случи нешто што ќе ги разоткрие двајцата пријатели.
,,Јаже” е еден од најголемите експерименти на Хичкок, филм во кој има премногу долги кадри со по неколку пресеци помеѓу. При снимањето на филмот била поважна координацијата на камерата и сценографијата, отколку на актерите, за да се долови постепеното одминување на времето, односно да биде скоро незабележително. Но, некои сметаат дека ова и не е најуспешниот обид на Хичкок за експеримент во процесот на создавање на еден филм. Филмот ќе биде адаптиран од една драма, која е пишувана според вистинска приказна.
Comments