Режија: Terrence Malick
Улоги: Rooney Mara, Ryan Gosling, Michael Fassbender, Natalie Portman
Времетраење: 129’
Жанр: Драма/романтика
Година: 2017
Song to song e љубовна приказна која следи два испомешни пара, двајца неуспешни музичари, еден музички менаџер и неговата нова сопруга, сите четврица на еден или друг начин дел од естрадната сцена во Остин, Тексас.
На кратко, станува збор за трка помеѓу четворицата протагонисти за љубов, за успех, за задоволство, сето тоа преку прељуба, предавства, додворувања и привлекувања. Преку кинематографијата, наративните линии и одлуките при монтирање, филмот е едно необично и крајно романтично достигнување кое е изградено како меморија, сеќавање, а дури на моменти е и на многу болен начин интимно искуство.
Би требала уште веднаш да ве предупредам дека доколку очекувате класична, традиционална приказна со почеток и крај, тоа нема да го добиете. Напротив, добивате нешто многу повеќе од тоа: човечност. Режисерот успева да ги искористи неверојатните четири ѕвезди на многу уникатен начин, со тоа што го претставува човечкото тело како алатка за прикажување на длабоката психолошка комплексност.
Како црешичка на шлагот, станува збор за 2 часа слики од убави луѓе, убави места и убави зајдисонца (ако ништо друго).
Comments