• Леонид Велковски

β – предлог филм: Soul

Режија: Pete Docter

Улоги: Jamie Foxx, Tina Fey, Graham Norton, Rachel House

Година: 2020

Земја на потекло: САД

Времетраење: 100’

Жанр: Фантазија, комедија, драма

Џез! Џез! Џез! Душа!


Во овој анимиран филм буквално уживате во звуците на џезот, а и уживате во приказната за душите, за душата на Џоу и животот како џезот, чиста импровизација. Иако овој предлог филм обработува слична тема како и претходниот, овој филм е анимиран и дава ново светло на анимираните филмови, посебно холивудски.


Џоу Гарднер е млад наставник по музичко, кој не е толку задоволен со неговата моментална професија, се до моментот кога на аудиција ќе успее да ја добие својата работа од соништата. Во моментот на еуфорија, тој ненадејно умира. Неговата душа наместо да оди во ,,The Great Beyond”, завршува во ,,The Great Before”, каде што се сретнува со советниците, кои му доделуваат една проблематична млада душа која треба да ја најде својата ,,искра”, за да може да го продолжи својот пат кон Земјата. Тогаш започнува авантурата на Џоу и неговиот партнер.


Тие се движат помеѓу смртта и животот, помеѓу матријалното и нематријалното, помеѓу чувствата, себе пронаоѓањето и помеѓу прашањето ,,Дали вреди да се живее или да се остане мртов?”.


,,Soul”, иако стилски е сличен на другите филмови на дуото ,,Дизни” и ,,Пиксар”, сепак содржински е најтежок, со приказна која обработува теми кои се вредни за размислување. Приказната е доста зрела, а овој анимиран филм е повеќе за возрасни, отколу за деца. Одлична анимација, кинематографија која ќе ве однесе во Њу Јорк и ќе ве шета од Земјата па се до Рајот. Не ја заборавајте и музиката, најважното нешто во животот на Џоу.


Овој филм, меѓу другите награди, освојува три ,,Оскари” на 93-тото издание на ,,Оскарите” и тоа за најдобар звук, за најдобра музика и за најдобар анимиран филм.

59 views