• Калина Качоровска

β-предлог филм: Stealing Beauty

Режија: Bernardo Bertolucci

Улоги: Liv Tyler, Jeremy Irons, Sinead Cusack, Joseph Fiennes, Jason Flemyng

Година: 1996

Земја на потекло: САД

Времетраење: 116’

Жанр: Драма

А да продолжам да предложувам само филмови за летно време во Италија? Да можев, само такви и би гледала.


Бертолучи е со причина име, со причина е филмска икона и легенда, со причина е бренд самиот по себе. Овој филм само го зацврстува тоа.

Дејството се одвива околу ликот нa прекрасната Liv Tyler која е американска тинејџерка која оди на одмор во Тоскана каде престојува во вилата на нејзините роднини. Нејзиниот план е за време на престојот да пишува поезија, да дознае нешто ново за нејзината фамилија и многу важно, да го најде момчето кое пред четири години го има бакнато на истото место. Попатно, се појавуваат куп мажи кои се обеземени од нејзе и нејзината вонвременска убавина, но и нежна аура. Признавам дека секој од мажите кои се појавуваат се непријатни и далеку од позитивни, но самиот филм е свесен и самокритичен за тоа.


И покрај сѐ, водилка на овој филм е атмосферата. Дали е сон или реалност? Дали е меморија од некое далечно лето кое сите сме го имале некаде на село, на море, на планина? Дали првите бакнежи и љубов и допири прикажани се вистински или нешто кое постои само во нејзиниот ум? Дали може топлината да потрае уште малку?


Бертолучи, Тоскана, поезија и Liv Tyler се комбинација која не се пропушта!


102 views