top of page
Writer's pictureКалина Качоровска

β-предлог филм: Taste of Cherry

Режија: Abbas Kiarostami

Улоги: Homayoun Ershadi, Abdolrahman Bagheri

Година: 1997

Времетраење: 99’

Земја на потекло: Иран

Жанр: Драма

Како за некој што секоја недела пишува препораки за филм, морам да си признаам дека понекогаш сум и малку скржава. Кога претходната недела конечно го гледав Taste of Cherry (1997), не планирав да пишувам за него. Сакав да си го чувам. Да си биде мој. Сепак, во знак на себеподобрување, решив дека не смеам да бидам себична и дека морам да го препорачам, затоа што секој заслужува да го види ова ремек-дело.


Средновековен маж родум од Техран минува цело попладне возејќи низ градот, барајќи некој кој би му помогнал со неговото закопување, со оглед на тоа што тој е решен таа вечер да се самоубие, да се напие апчиња и да легне во дупка, која во 5 часот наутро посакува да биде закопана од страна на некој од неговите сопатници. Сепак, никој не сака да си ги извалка рацете. Во текот на филмот тој се среќава со тројца луѓе од кои бара помош: курдистански војник, авганистански семинарист и азербејџански препаратор. Со секој од нив води навидум едноставни, а сепак толку длабоки и големи, велики идеи за животот и неговото значење.


Ние како публика, но и сите тројца сопатници, никогаш не дознаваме зошто Бади сака да си го одземе животот. Сепак, тоа е најмалку важно. Важно е дека на светов не сме сами. Дека убаво е да се движиме по животниот пат и да видиме каде тој ќе нѐ однесе. Дека вреди да се живее за сонцето, за месечината, за луѓето, за водата, за храната, за смеата, за трчањето, за играњето, за убавината. Еве, после филмов јас најдов и уште една причина плус: еден ден да појдам во Иран и да го доживеам жолтилото и топлината кои ги осетив од Taste of Cherry.

Завршувам со цитат од овој прекрасен филм кој ми врежа толку убави мисли и идеи:


Have you lost all hope? Have you ever looked at the sky when you wake in the morning? At dawn, don’t you want to see the sun rise? The red and yellow of the sun at sunset, don’t you want to see that anymore? Have you seen the moon? Don’t you want to see the stars? You want to refuse all that? You want to give it all up? You want to give up the taste of cherries?


コメント


bottom of page