Режија: Tamar Simon Hoffs
Улоги: John Cassavetes, Nicholas Colasanto, Meshach Taylor
Година: 1982
Времетраење: 22’
Земја на потекло: САД
Жанр: Комедија
Првата препорака за краткометражен филм!
Иако уживам во и често гледам краткометражни, па и среднометражни филмови, ретко ми остануваат во сеќавање на начин на кој тоа го прават оние долгите. А, сепак, овој филм е исклучок.
Темата е многу едноставна: музички извршен директор оди на шишање, но има само 15 минути време. И тоа е тоа. Тоа се случува во овие 22 минути. Толку едноставно, а толку прекрасно! Ќе се (из)насмеете, ќе се порадувате, ќе развеселите. Покрај сево ова, го имаме и John Cassavetes (тука во улога на актер) во едно толку забавно издание, а истовремено го доживувам толку надреално. Ако ништо друго, за него вреди да се погледне ова кратко ремек-дело.
Kommentare