• Калина Качоровска

β-предлог филм: Wild at Heart

Диви во срцето (Wild at Heart)


Режија: David Lynch

Улоги: Laura Dern, Nicolas Cage, Diane Ladd, Harry Dean Stanton, Willem Dafoe, Isabella Rossellini

Времетраење: 125’

Жанр: Романтика, комедија, криминалистика, road movie

Lula (Dern) и Sailor (Cage) се млад пар некаде во југоисточниот брег на САД. Откако ќе се соочат со гангстери кои се обидуваат да го убијат Sailor по наредба на посесивната мајка на Lula, решаваат да избегаат. Со оглед на тоа што според жанрот, филмот може да се нарече road movie, голем дел од дејството е фокусирано токму на нивните авантури по пат. Па така, протагонисите (а и вие како гледачи) ќе се сретнат со генијално уникатни ликови како оној на Willem Dafoe, Isabella Rossellini, a за фановите на Twin Peaks и добропознатите Harry Dean Stanton, Grace Zabriskie, Sherilyn Fenn, Sheryl Lee и Jack Nance. Но, доста со имиња. Филмот е road movie, меѓутоа и самиот по себе е возбудливo искуство. Крв, насилство и различни грдосии се нешта кои ќе се сретнат повеќе пати во овие два часа, меѓутоа како одличен контраст е хуморот, светлите бои, сонцето, танцовите нумери и секако, легендарната јакна од змиска кожа (My snakeskin jacket!). Големината на овој е филм е токму тој контраст помеѓу темнината и светлината, но и во ликовите, кои ги има многу, но сите од нив се хаотични и провокативни и тие се она кое ве тера да продолжите со гледање.


Им љубоморам на сите оние кои за првпат ќе ја имаат шансата да го погледнат Wild at Heart, највеселото дело на Линч.

97 views