Култура β
β-Уметник на неделата: Виктор Велковски
Овонеделниот (5-11.10.2020) уметник од рубриката ẞ-уметник на неделата е Виктор Велковски! ,,Јас фотографирам веќе неколку години, правам разни фотографии на најразлични теми и уживам во секој момент со фотоапаратот. Додека се шетам по скопските улици и булевари или пак додека го пијам кафето, фотоапаратот ми е секогаш во ранец за ако некој момент или композиција ми се допадне да можам засекогаш да ја зачувам. "- ни раскажа Виктор.