• Култура β

β-Уметник на неделата: Владимир Илиевски

Оваа недела (29.11.-5.12.2021) наш β-уметник на неделата е уметникот Владимир Илиевски. Тој е роден во 1989 г. во Скопје. Во 2012 г. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2021г. реализирал десет самостојни изложби во: Скопје, Охрид, Делчево, Струмица и Ботевград (Р. Бугарија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Авторе и на два мурали, во Скопје и во Струмица. Учествувал на десетина ликовни колонии во: Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Р. Бугарија, Р. Србија. Добитник е на 7 национални награди. Од 2012 г. член е на ДЛУМ.


50 views