Нашата нова ẞ-уметница за оваа недела (21-27.9.2020) е Дина Таировиќ која ликовите ги носи во светот на чудата. Уметноста, нејзината прва љубов како што ја нарече, ја запознава и веднаш ја засакува уште на 5 годишна возраст. На рани години била донесена одлука со кого ќе го помине својот живот - линија, форма и боја. ,,Мојата прва инспирација беше разбудена од страна на “Disney”, некои разбудени чувства никогаш не престануваат... Верувајќи дека секој од нас се споредувал со кој “Disney” лик најмногу наликува, одлучив да ја разрешам таа мистерија. Претворајќи ги како со магично стапче, вистинските луѓе во облик на “Disney” херои." - вели Дина. Својата порака ја крие во детето кое секогаш останува дел од нас. ,,Детето кое понекогаш е доволно лудо, да се разбуди, и повторно да верува во чуда."
top of page
bottom of page
Comments