• Култура β

β-Уметник на неделата: Ева Кузеска

Последната недела од 2021, наш уметник на неделата е уметницата Ева Кузеска. Таа има 16 години и доаѓа од Прилеп. Таа е ученичка во втора година во гимназијата „Мирче Ацев”.

Таа за себе вика: „Постојат луѓе, меѓу кои сум и јас, кои се чувствуваат подобро само што ќе земат молив во рака. Кога тој молив ќе ја допре хартијата, почнува моето патување во други светови. Цртајќи, се чувствувам слободно и полно со ведрина. Креирам, и никогаш нема да престанам да креирам убавина.“

Повеќе од уметноста на Ева може да најдете на нејзиниот инстаграм @kuzeskart


12 views