Нашиот уметник за оваа недела (6-12.9.2021) е уметницата Ивана Пановска. Таа студира при Технолошко металуршкиот факултет, насока-Дизајн и инжинеринг на облека во Скопје и има 24 години.
Таа за себе вели: „Уметноста од секогаш ми била како карта за патување бидејќи секогаш нешто ново создавам, непланирано. Од секогаш сум имала голема имагинација уште како дете живеев во некој свој замислен свет исполнет со магија, па затоа и можеби сум толку голем фан на Хари Потер. Користам повеќе техники на цртање како што се водени, темперни,акрилни бои,цртам во програмот Adobe Illustrator, a и Неодамна почнав да цртам на текстил,па полека се усовршувам и на тоа поле. За 10 години се гледам себе си во своја сопствена галерија каде што можам да ги претставам своите уметнички дела и креации.“
Повеќе од уметноста на Ивана може да погледнете на нејзиниот инстаграм профил @_creative.iva
Comentários