Оваа недела (26.7. - 1.8.2021) како наш β-уметник е уметницата Ирина Илиева. Таа е студентка на философија и германски јазик на Универзитетот во Марибор, Словенија.
Таа за себе даде интересен осврт: „Тешко е да дадеш опис за себе кога знаеш дека перцепцијата која ја имаш за себе е единствена и таква каква што само ти можеш да ја замислиш. Сите го поседуваме субјективното и можеби тоа е единственото нешто за кое можеме да кажеме дека објективно го разбираме. Поради тоа ќе оставам вие да одлучите преку моите цртежи каква перцепција би имале вие за мене.“
Comments