top of page
Writer's pictureКултура β

β-Уметник на неделата: Меланија Георгиевска

Нашиот нов уметник на неделата (13-19.4.2020) е Меланија Георгиевска. Се занимава со уметност уште од рани години, вели дека отсекогаш ја фасцинирала. За Меланија, како што ни кажува, уметноста е еден начин на креативно, умствено и емоционално изразување. Има завршено во средното уметничко на насока текстил и облека, а моментално е студент на Европски универзитет за моден дизајн. ,,Лично никогаш не сакав да останам само на еден смер и само со една гранка во уметноста да се занимавам, затоа освен моден дизајн работам и сликарство, графика, илустрации и графички дизајн, ниту еден уметник не треба да се задржи и усмери на едно нешто секогаш треба да истражува, во тоа е и убавината на уметноста. Што повеќе знаење тоа подобро, исто така така подобро се надградува знаењето и никогаш не знаеш од каде можеш да добиеш инспирација." вели Меланија.



Comments


bottom of page