• Култура β

β-Уметник на неделата: Мила Јовановска

Оваа недела (15.11.-21.11.2021) наш уметник на неделата е уметницата Мила Јовановска. Таа за себе вели: „Во уметноста го пронаоѓам мојот спокој, ја откривам својата креативност и се запознавам себе си! Кога ја земам четката во раце и работам на ново дело, живеам во мојот свет, светот на мојата имагинација, светот на магијата и боите…Цртам и сликам од кога знам за себе и моите тинејџерски години сакам да ги поминам со поголемо усовршување на полето на сликарството и цртањето. И покрај многубројните обврски што ги носи со себе средното училиште, секогаш одвојувам време за себе, за моето хоби и за оние кои ми значат! Моите творби ги гледам како патот кој ќе ме однесе до мојот сон, до мојата цел!“




28 views