• Култура β

β-Уметник на неделата: Филип Лафазановски

Оваа недела (1-7.3.2021) како наш β-уметник е фотографот Филип Лафазановски.

Филип е студент по филм во Скопје и член на Фото Сојузот на Македонија. Учествувал на повеќе од 25 групни изложби. Дел е од колекцијата „Актуелен момент во македонската современа фотографија” прикажана во Чачак, Скопје, Град Негова (Словенија) и Ријека. Негови фотографии се објавени во Urban Еуе Magazine, WeStreet Вооk London, Global Photography Network (China). Има З самостојни изложби: Печ, Сегед (Унгарија 2017, 2019) и Рудик Галерија (2019) Скопје.


Во ова издание на β-Уметник на неделата имате можност да погледнете дел од збирката фотографии која носи наслов „Зимска приказна“, а целата збирка може да ја преземете на линкот во продолжение:

https://drive.google.com/file/d/1AfCTCwhZsWnumuLXyYNxvX9zOfCMWDot/view?usp=sharing


44 views