Нашиот уметник за оваа недела (2.8.-8.8.2021) е уметницата Ханида Абеска. Таа учи во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје на смерот керамика.
Таа за себе вели: „На керамика се одлучив поради тоа што сакав да научам нешто ново односно да ја изразам мојата уметност преку керамиката или така наречена модерна керамика, керамика која би ни го разубавила домот. Но со графиката и сликарството јас израснав од мали нозе бев сведок на уметничките способности на татко ми така се врежа во мене уметноста, а и талентот наследен од татко ми! Портретите се нешто кое најмногу ме провоцира да го претставам на парче хартија и нешто кое ме радува и исполнува!“
Повеќе од уметноста на Ханида може да погледнете на нејзиниот инстаграм профил @abeska.h
Comments