Секој бран удира во гребенот, сите души го добиваат својот момент. Обидувајќи се да го исчистат патот посеан со рози, поединците се спојуваат во една. Тоа е единствениот начин да се забележат. Тие го губат својот идентитет, стојат зад туѓите зборови, борејќи се за туѓа идеологија. Со душа со големина на зрно песок, го пробиваат светот, добиваат моќ и истураат лажни идеали. Од другата страна на карпата се наоѓаат души кои ја претставуваат идеологијата, оние кои станаа идеали. Тие тешко може да направат разлика помеѓу себе и другите, затоа што не гледаат други, се гледаат само себеси. Доаѓа момент кога насликаната слика на ситни души згаснува, а поголемите души ги поминуваат сите нивни репродукции. Тоа е моментот кога брановите го преплавуваат штотуку завршениот акварел на малите души. И што останува? Еден куп бои кои се дават, се држат до платното во обид да и дадат некакво значење на сликата, но веќе е доцна.Се е истурено.Се е само остаток на ништо. Само празно платно во обид да биде слика. Големите луѓе и големите души се оставени да ја прегрнат вечноста, а малите се осудени да ја поместат четката на платното во вистинско време, чекајќи го својот момент.
Новата авторка која зема учество во рубриката за кратки раскази е Минела Шкријељ. Таа учи во средното медицинско училиште во Прилеп.
„За полесно да се соочам со реалноста пишувам проза и поезија или како што рекол Гете "Човек секој ден треба да слуша малку музика, малку да чита поезија и да види убава слика, бидејќи секојдневните грижи не треба да го поништат чувството за убавина кое Бог го всадил во човечката душа."“ додава таа.
Comments