Бидејќи те имав - Елена Андоноска
- Култура β
- Sep 24, 2020
- 1 min read
Бидејќи те имав
како утринска роса на розите
како пристаниште за бродовите
моја прва помисла
за неизоставна средба
се прашуваш ли
дали сликата твоја
некој ја држи во раце
дали молчи пред промената
на секое годишно време
дали и дали и бескрајно дали
очекува еден миг
како страдалник со страдалник
да си ги кажат маките
да крварат од душите
пред сите галаксии
да не остават недоречено
или да остават се да потоне
во незаборав вечен
Нашата нова ẞ-поетеса е Елена Андоноска.
"Најдобро се изразувам преку поезијата која сметам дека е исто толку важна колку и сите науки на светов. Преку поезијата можам да го искажам сето она за што не можам да најдам зборови во секојдневните разговори. Инспирацијата ја добивам од сите мои доживувања, чувства и погледи кон светот." - вели Елена
Comments