top of page
Writer's pictureКултура β

Виена – Марија Јаќовска


Овој аеродром не е голем

ама е премногу тесен, а долг.

Ја пропуштив кривината за трансфери.

Отидов надвор да подишам пред да треба одново да го поминам целиот макотрпен процес на пасошка контрола и обезбедување до мојот следен лет.


Има радост и во сендвиче од 9 евра

и во мала пушална

полна исклучиво со луѓе без ЕУ-пасоши.

Има и во долги трансфери,

не мора да е монотоно и несимпатично

ама ветувам

дека е понесимпатично од минатиот пат.


Би сакала да ја видиш добрината во мене

ама јас самата сѐ уште не можам да ја најдам.

Ветувам дека нема да ми е убаво таму колку што ми беше минатиот пат кога патував.

Дали тоа ме прави добра?


Почекај малку,

ветувам дека сум добра.

Мислам дека можам да бидам.

Многу сум културна кога сум на аеродром,

срдечно зборувам

и си ги држам работите во скут

и не се буткам во ред.

Верувај ми, те молам,

и со касиери и стјуардеси сум мила.

Тие, сигурна сум дека мислат дека сум добра.

Значи, добра сум, веруваш?


Се качувам на мојот лет,

барав седиште 37Д.

Немаше толку седишта на овој авион.

Comments


bottom of page