• Култура β

Втор дел од Вториот циклус поезија на Андреј М. Петровски

Како дел од нашата β-стихозбирка објавуваме втор циклус поезија од авторот Андреј М. Петровски кои вели дека уште од мала возраст се занимава со пишување поезија, а поинтензивно последниве 2 години. „ Мојата инспирација за пишување доаѓа од љубовта. Љубовта кон пријателството, природата,љубовта кон животот и татковината. Сакам да пишувам за сите типови на љубов, бидејќи не мора да сакаш некој/а за да има љубов! Особено ми причинува задоволство да пишувам за љубовта кон една личност, која е прекрасна. Иако меѓу нас има огромна празнина, сепак верувам дека еден ден судбината ќе си го одигра својот дел во нашата приказна...“ додава тој.


Во продолжение прочитајте го вториот дел од циклусот на негова поезија:


За една, за некоја


За една, за некоја,

Која насмевката,

Секогаш ѝ го краси нејзиното,

Прекрасно лице,

Со тие усни,

Црвени како зрела цреша.


За една, за некоја,

Која е најубавата на светот,

Која секогаш блеска,

Со нејзинауа привлечност,

Со нејзината харизма,

Со тоа што е она.


За една, за некоја,

Која е ќерка на боговите,

Сестра на небото и ѕвездите,

И перфекција на совршенството.


За една, за некоја,

Која очите ѝ кријат светови,

Досега непознати,

Очи кои говорат сами за себе,

Без збор да изустат,

Очите во кои се губам,

Очите кои ги сакам.


За една, за некоја,

Која косите ѝ се како,

Најмекиот памук,

Од кој е извезено,

Боженствено платно.


За една, за некоја,

Која дланките ѝ се од,

Најнежната свила, понежни,

Дланките кои зрачат љубов,

Кои даруваат љубов,

Дланките кои сакам да ги држам,

Сега и засекогаш.


За една, за некоја,

Со име како мелодија,

Со букви како ноти,

Што низ грло сами минуваат,

Штом ја видам.

Името нејзино,

Е божество мое.

За една, за некоја,

Која нема збор што ја опишува,

Нема сликар што може,

Да го наслика тоа совршенство,

Таа перфекција,

Нема ниту песна, ниту нота,

Што може да ја отпее,

Убоста нејзина.


За една, за некоја,

Која срцето ми го топи,

Како мраз на сонце,

Што ми ги сплеткува мислите,

Како јазол,

Без почеток и крај,

Како Медуза ме скаменува,

Јас сум до уши,

Заљубен во неа!


За една, за некоја,

За неа...

Дијамантите се безвредни,

Светот е мал,

Ѕвездиуе се малку,

И универзумот е премногу мал,

Бидејќи на неа,

Не ѝ значат предметите,

Туку љубовта од човекот кој ја сака,

За неа,

Само љубовта моја.

Ја сакам,

Нека знае!


(За таа што ја сакам...)


Полици


Полици со книги,

Полици со приказни,

Полици со слики,

Полици со живот.

Имам полици,

Со моите поеми,

Со моите спомени.

Полици со книги,

Од мојата среќа и тага,

Љубов и омраза...

Имам полици,

На кои има сè!


Потрагата за тебе


Нема зборови,

Кои те опишуваат.

Нема цветови,

Кои се поубави од тебе.

Нема живот за мене,

Ако те нема тебе.

Тебе те видов,

Како ангел,

Како божица,

И се запрашав:

„Каде да те најдам?“

Прашував:

„Каде да те најдам?“

Ги прашав ѕвездите,

Тие ми посакаа среќа.

Ги прашав сините мориња,

Тие ми дадоа компас.

Ги прашав шумите ширни,

Тие ми дарија букет цветови,

За тебе.

Го прашав

Сонцето златно,

Тоа ми го осветлуваше патот,

Патот до тебе.

Ја прашав Месечината полна,

Таа ме прати кај боговите.

Ги прашав боговите:

„Каде е мојата љубов?“

А тие ми те покажаа тебе.

Ти си совршенство на светот,

Ти си перфекција на перфекцијата,

Ти...

Си мојата љубов...


„Ја пронајдов мојата љубов, кога ја видов неа...“


Химна на денот


Како што денот се буди од сонот,

Така утрото започнува,

Тивко и полека.

Со песните на птиците,

И првото кукурикање на петлите.

А во градовите големи,

Со свирењето на утринскиот воз...

Денот почнува,

И полека се движи кон ноќта,

Каде што тој таму заспива...

8 views