top of page
Writer's pictureКултура β

Гранки од спомени - Александра Стојановиќ

Гранки од спомени

Спомен-мал збор, злато вреден.

Село, река и големо срце, чисто и кротко.

Тишина пропратена со песна за месечина.

Среќа и радост во душата, поради една прегратка топла.

Детски џагор произлегува од малата куќичка,

симбол за радост, но само спомен.

Спомен запишан на едно стебло старо.

Иако среќата згаснала тоа сè уште со плод не дарува.

Можеби сака насмевката да не прекинува како и неговиот живот.

 

Александар Стојановиќ е авторка на песната „Гранки од спомени“ која зема учество во нашата поетска рубрика.


„Пишувам проза и поезија веќе три години. Со напишаниот збор, во кој што се всадени многу чувства, јас можам да одпатувам во некој друг свет. Свет изграден од фантазија. Во моментов фокусирана сум на спортот, односно на ракомет, како моја прва љубов, а пишувањето ќе го претставам како терапија на душата. Се надевам дека во иднина, пораката која што се крие длабоко во моето срце, ќе успее да се всели во страниците на мојата прва книга!“ вели таа за себе.


Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page