top of page

Да ме најдеш - Виктор Димовски

Writer's picture: Култура βКултура β

Каде си? Темно е сега... Ти само можеш Светло да ми дариш, Да ме најдеш... Загубен, Избледнат веќе, Студен како мраз, Ми требаш да ме згрееш, Да ме стопиш Можеби, Не сум тој што бев, Како ранет лав бесен, А, додека однатре вриштам Помогни ми... Те барам, Душата е гладна, Срцето е болно, Умот загубен, Во безброј црнила Каде си? Да ми осветлиш пат Да го скротиш овој лав Да ги стишиш овие врисоци Да ме најдеш...

 

Виктор Димовски е поетот кој зема учество во десетиот ден од поетски недели на Култура Бета. Тој доаѓа од Велес и има 20 години, а со поезија се занимава од свои 16. Вели дека најголема инспирација му се македонските автори, особено Блаже Конески, а за своето пишување додава: „Во мојата поезија внесувам дел од себе, сите мои најискрени чувства и доживувања. Според мене, тоа е клучот за поезија која може да допре до срцата на сите.“

Comentarios


bottom of page